CALL CENTER: 13090

Анализи и пакети

Ценовник на лабораториски услуги во Биотек Лаборатории

Прикажани се 1 – 20 од 344 анализи

Страница 1 од 18






















Домашна посета (Приградски населби оддалечени повеќе од 15 КМ од ценатарот на Скопје)



1.200 ден



Домашна посета во Скопје



900 ден



ALT (Аланин аминотрансфераза)^


За тестот. ALT има зголемени вредности при оштетување на црниот дроб, вирусен хепатит, болести на панкреас и акутен миокарден инфаркт.

Примерок: Венска крв.

Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 – 12 часовно гладување.

Метода: PHO

Резултат: Истиот ден.


150 ден



Altera+Signatera – OncoPoint +TumorTrag – Персонализиран тест за одредување на соодветна онколошка терапија и детекција на ctDNA (циркулирачка туморска DNA)


Време на издавање – 30 дена


340.000 ден



Anti HBs Total II


Анти-HBs (антитела кон површински хепатитис Б антиген) – „позитивен“ или „реактивен“ резултат од тестот за анти-HBs покажува дека лицето е заштитено од вирусот на хепатитис Б. Оваа заштита може да биде резултат на примање вакцина против хепатитис Б или успешно закрепнување од мината инфекција со хепатитис Б. Позитивниот резултат од тестот за анти-HBs значи дека сте „имуни“ и заштитени од вирусот на хепатитис Б и дека не можете да бидете инфицирани.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA Резултат: 24часа.


940 ден



Anti HCV


Анти-HCV антитела тестот ги проверува антителата што вашето тело ги ослободува за да се бори против вирусот на Хепатитис Ц (HCV). Тоа се протеини кои вашето тело ги создава кога ќе го дојде во контакт со вирусот на хепатит Ц во крвта. Тие обично се појавуваат околу 12 недели по инфекцијата

Тестот за HCV антитела може да открие дали сте заразени.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA /CLIA  Резултат: 24часа.


940 ден



AST (Аспартат аминотрансфераза)^


За тестот: AST е ензим од групата на трансаминази кој го катализира реверзибилниот транспорт на α-амино групата меѓу аспартатот и глутаматот. Присутен е во црниот дроб, срцето, скелетните мускули, бубрезите, мозокот и во еритроцитите.

AST и ALT, како и нивниот сооднос AST/ALT претставуваат биомаркери за функцијата на црниот дроб.

Примерок: Венска крв.

Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 – 12 часовно гладување.

Метода: PHO

Резултат: Истиот ден.


150 ден



Cytomegalovirus IgG Avidity


Квантитативна детекција на антитела IgG Avidity со кои се одредува староста на инфекцијата за Cytomegalovirus.Со ELFA метода на VIDAS апарат.

Време на издавање на резултат: 1 работен ден.


1.250 ден



Empower – OncoGen Risk – Персонализиран тест за генетски наследен канцер


Време на издавање – 30 дена


74.000 ден



Epstein-Barr virus EBNA (EBV EBNA) – IgG


Квантитативна детекција на антитела IgG за EBNA на EBV.Со ELFA метода на VIDAS апарат.

Време на издавање на резултат: 1 работен ден.


900 ден



Epstein-Barr virus VCA (EBV VCA) – IgM


Квантитативна детекција на антитела IgM за VCA на EBV.Со ELFA метода на VIDAS апарат.

Време на издавање на резултат: 1 работен ден


900 ден



Epstein-Barr virus VCA/EA (EBV VCA/EA) – IgG


Квантитативна детекција на антитела IgG за VCA/EA на EBV.Со ELFA метода на VIDAS апарат.

Време на издавање на резултат: 1 работен ден.


900 ден



Femoflor II


Универзален молекуларен тест за проценка на состојбата на женскиот микробиом со максимални можности

 

Составот на вагиналниот микробиом е сложен динамичен систем, кој во секое време е под влијание на многу ендогени и егзогени фактори, вклучително возраст, сексуално однесување и акушерска историја, хормонален статус и хормонални нарушувања, употреба на терапија за замена на хормони и комбинирани орални контрацептиви, антибиотска терапија и присуство на екстрагенитална патологија. Статусот на составот на вагиналниот микробиом има сериозно влијание врз одржувањето на репродуктивната функција и како последица на квалитетот на животот на жените.

Тестот овозможува:

 

  • Поинформативна евалуација на нормалната состојба на микробиомот кај жени од различни возрасти, негова детална проценка, квантификација и, како најзначајно, идентификација на одделните видови на лактобацили и нивната процентуална застапеност во испитуваниот примерок
    • Lactobacillus spp., Lactobacillus iners, Lactobacillus crispatus, Lactobacillus jensenii/Lactobacillus mulieris, Lactobacillus gasseri/Lactobacillus paragasseri, Bifidobacterium spp.

 

  • Типизацијата на лактобацили овозможува да се процени колку ефикасно нормалниот микрибиом ја извршува својата заштитна функција;

 

  • Квантитативна проценка на стрептокок од група Б – особено важна за време на планирањето на бременоста и гестацијата;

 

  • Проширен список на опортунисти со цел контрола на присуството на облигатни патогени за да се исклучат асимптоматски и субклинички инфекции, каде се вклучени бактерии поврзани со бактериска вагиноза, аеробен вагинитис, мешан вагинитис, вулвовагинална кандидијаза и др.
    • Ureaplasma urealyticum, Ureaplasma parvum, Mycoplasma hominis, Candidaspp., Candida albicans, Staphylococcus spp., Streptococcus spp., Streptococcus agalactiaeEnterobacteriaceaeEnterococcus spp., Haemophilus spp., Gardnerella vaginalis, Fannyhessea vaginae,Mobiluncus spp., Anaerococcus spp., Peptostreptococcus spp., Bacteroides spp./Porphyromonas spp./Prevotella spp., Sneathia spp./  Leptotrichia/ Fusobacterium spp., Megasphaera spp./ Veillonella spp./Dialister spp., BVAB1/BVAB2/BVAB3

 

  • Квалитативно и квантитативно откривање на ДНК на патогени микроорганизми
    • Chlamydia trachomatis,
    • Neisseria gonorrhoeae,
    • Mycoplasma genitalium,
    • Trichomonas vaginalis

 

  • Детекција на вируси релевантни за репродуктивното здравје:
    • HSV1,
    • HSV2,
    • CMV,
    • Типизација на HPV 16, HPV 18, HPV 45,
    • Скрининг за присуство на HPV 31/33/35/39/51/52/56/58/59/66/68

 

Материјал за анализа: вагинален или цервикален брис

 

  • Дополнителни информации

 

  • Пред земање на примерокот не се препорачува следното

Потребно да поминат 24 часа за следното:

  • Изведување на хигиенски процедури како што е вагинално туширање со антисептици. За успешно и робусно толкување на резултатите, примерокот мора да содржи најголем можен број на епителни клетки со минимални количини на слуз и крв. Пред да се земе брис од епителни клетки од задниот вагинален свод и цервикалниот канал, слободно течечкиот секрет треба да се отстрани со стерилен памук.
  • Користење на тампони
  • Користење на PCR-инхибирачки супстаници, како гел кој се користи за ултразвук, хепарин, хлорхексидин или други препарати кои содржат хлор
  • Трансвагинален ултрзвучен ехо преглед
  • Апстиненција од 24 часа доколку се користи заштита

 

Потребно да поминат 48 часа за следното:

  • Колпоскопија

 

  • Апстиненција од 72 часа доколку НЕ се користи заштита.

 

При користење на антибактериска терапија и/или пробиотици

  • 2 недели по терапија
  • 4 недели по терапија на
    • Chlamydia trachomatis,
    • Neisseria gonorrhoeae,
    • Mycoplasma genitalium,
    • Trichomonas vaginalis

 

Време на издавање на резултат: 24 часа

Цена 5500 денари


5.500 ден



FOX (Food Xplorer) – Тест за интолеранција на храна -286 антигени


За тестот: Интолеранција на храна или неподносливост на одредени намирници, претставува несоодветна реакција на имуниот систем, кој одредените намирници (кои вообичаено се секојдневни и не се штетни) ги препознава како штетни и создава антитела (IgG класа ) кон нив. Симптомите може да се дигестивни нарушувања како подуеност и гасови, дијареа или запек, болки во стомакот, синдром на нервозно дебело црево, психолошки промени, невролошки тегоби, мигрени и дру тип на главоболки, хроничен замор, болки во зглобови, промени во расположението, промени на кожата и др.

Примерок: Венска крв.

ПодготовкаПосебна подготовка не е потребна. Се препорачува земањето на примерокот да не се прави веднаш по оброкот.

Метод: ELISA

Резултат: 24 часа.

Се анализираат 286 антигени (типови на храна), поделени во 13 групи:

МЛЕКО И ЈАЈЦА, МЕСО, РИБА И МОРСКИ ПЛOДОВИ, ЖИТАРИЦИ И СЕМИЊА, ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ, МЕШУНКИ,ЗЕЛЕНЧУК, ОВОШЈЕ,ЗАЧИНИ, ЈАДЛИВИ ПЕЧУРКИ, НОВИ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ, КАФЕ И ЧАЈ,НОВИ И ЕГЗОТИЧНИ НАМИРНИЦИ.


12.500 ден



HAV IgM


Серолошката дијагноза на акутен вирусен хепатитис А зависи од откривањето на специфични анти-HAV IgM. Нивното присуство во серумот на пациентот укажува на неодамнешна изложеност на HAV. Anti-HAV IgM се забележуваат во крвта во рок од 2 недели по инфекцијата, опстојуваат на покачени нивоа околу 2 месеци пред да се намалат на незабележливи нивоа за 6 месеци.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA Резултат: 24часа.

 


940 ден



HBc IgM II


IgM антителата кон HBc-core (IgM anti-HBc) брзо се зголемуваат кај пациенти со акутна инфекција и опстојуваат неколку недели до месеци. Истовремено површинскиот антиген на хепатитис Б (HBsAg) генерално ќе биде присутен и како серолошки маркер на акутна инфекција, но има извештаи дека HBsAg не секогаш може да се открие. Откривањето на IgM анти-HBc укажува на неодамнешна, акутна инфекција со времетраење од помалку од 6 месеци. НЕРЕАКТИВНИОТ IgM анти-HBc исклучува неодамнешна, акутна инфекција, но не исклучува хронична инфекција.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA Резултат: 24часа.


940 ден



Hbe-Anti Hbe


Појавата на антитела на антигенот „е“ на хепатитис Б е индикатор за завршување на акутната фаза на инфекцијата, кој се користи за следење на третманот.

Индикации за тестирање

  • Стадиум на хронична инфекција
  • Следење на одговорот на терапијата

За дијагностички цели и за стадиум на болеста, резултатите треба да се користат заедно со историјата на пациентот и други маркери за хепатитис за дијагноза на акутна или хронична инфекција.

РЕАКТИВЕН анти-HBe укажува на рана реконвалесценција кога HBeAg опаднал под забележливите нивоа.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA Резултат: 24часа.


940 ден



HBs Ag Ultra


HBsAg, surface-антиген на вирусната обвивка, се користи како примарен скрининг тест за Хепатитис Б.

Присуството на HBsAg во серумот покажува дека пациентот е заразен со HBV инфекција. Тестот се користи за да се идентификуваат инфицирани лица кај кои постои потенцијален ризик од ширење на болеста, на пример, крводарители, бремени жени, интравенски корисници на дрога, здравствени работници, институционализирани лица, донатори и приматели на трансплантација и донатори на сперма за вештачко оплодување. Исто така се користи квантитативен HBsAg тест за следење на третманот на хронично инфицирани пациенти.

Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA /CLIA  Резултат: 24часа.


940 ден



Helicobacter pylori IgG


Квантитативна детекција на антитела IgG за Helicobacter pylori.Со ELFA метода на VIDAS апарат.

Време на издавање на резултат: 24 часа


900 ден



Herpes Simplex Virus 1 IgM


Квалитативна детекција на антитела IgM за Herpes Simplex Virus тип 1. Со IMUNOHROMATOGRAFSKI – ICT метода.

Време на издавање на резултат: 1 работен ден


700 ден



^ Акредитирани методи согласно со стандардот ISO 15189:2022, локација ул.Аминта Трети, ул.Фрањо Клуз и ул. Македонска Војска.