Биохемиски анализи

Ценовник на лабораториски услуги во Биотек Лаборатории

Прикажани се 1 - 20 од 200

Страница 1 од 10

Анализи/Пакети Опис Цена Акција
Hbe-Anti Hbe
Појавата на антитела на антигенот „е“ на хепатитис Б е индикатор за завршување на акутната фаза на инфекцијата, кој се користи за следење на третманот. Индикации за тестирање
  • Стадиум на хронична инфекција
  • Следење на одговорот на терапијата
За дијагностички цели и за стадиум на болеста, резултатите треба да се користат заедно со историјата на пациентот и други маркери за хепатитис за дијагноза на акутна или хронична инфекција. РЕАКТИВЕН анти-HBe укажува на рана реконвалесценција кога HBeAg опаднал под забележливите нивоа. Примерок: Венска крв. Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метод: ELFA Резултат: 24часа.
800 ден
Седиментација на еритроцити (SE)
За тестот: Со тестот седиментација на еритроцити се одредува брзината на таложење на црвените крвни клетки под дејство на земјината гравитација, и служи за индиректна проценка на степенот на воспаление во организмот. При воспаление, туморски процеси, автоимуни болести и сл., постои зголемена седиментација како резултат на побрзото таложење на еритроцитите, заради присутните протеини на акутна фаза. Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: MACR Резултат: Истиот ден.
120 ден
Крвна слика автоматска 3-диференцијална со 22 параметри
За тестот: Со тестот комплетна крвна слика се одредува вкупниот и процентуалниот број на крвните клетки, и тоа: еритроцити (со еритроцитарни индекси), леукоцити (со диференцијација на белата лоза, со која се опфатени 3 типа на леукоцити), тромбоцити, како и хемоглобин и хематокрит. Комплетната крвна слика се користи за утврдување на општата здравствена состојба, скрининг, дијагноза и пратење на цела низа заболувања како инфекции, воспалителни состојби, анемии, пореметување на коагулацијата и малигни болести. Примерок: Венска или капиларна крв. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: AEIC Резултат: Истиот ден.
220 ден
Крвна слика автоматска 5-диференцијална
За тестот: Со тестот комплетна крвна слика се одредува вкупниот и процентуалниот број на крвните клетки, и тоа: еритроцити (со еритроцитарни индекси), леукоцити (со диференцијација на белата лоза, со која се опфатени 5 типа на леукоцити), тромбоцити, како и хемоглобин и хематокрит. Комплетната крвна слика се користи за утврдување на општата здравствена состојба, скрининг, дијагноза и пратење на цела низа заболувања како инфекции, воспалителни состојби, анемии, пореметување на коагулацијата и малигни болести. Примерок: Венска или капиларна крв. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: AEIC Резултат: Истиот ден.
350 ден
Периферна крвна размаска
За тестот: Микроскопско броење и морфолошка анализа на крвните клетки, после нивно сооодветно боење. Со оваа анализа се диференцираат петте популации на леукоцити: неутрофили, еозинофили, базофили, лимфоцити и моноцити, се одредува нивната процентуална застапеност во крвта, нивната морфологија и степенот на зрелост. Во однос на црвената крвна лоза, се користи за диференцијална дијагностика кај различни типови на анемии, со помош на морфолошкиот опис на еритроцитите. Примерок: Венска или капиларна крв. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: MIC Резултат: 2 работни дена.
890 ден
Ретикулоцити во периферна крв
За тестот: Микроскопско броење и морфолошка анализа на ретикулоцитите - клетки предходници на еритроцитите, после нивно соодветно боење. Анализата се користи за проценка на способноста на коскената срцевина да произведува еритоцити, како помошна алатка за утврдување на причината за анемија, како и за пратење на одговорот на коскената срцевина на трансплантација, хемотерапија, терапија со железо, вит B12, фолати и сл. Примерок: Венска или капиларна крв. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: MIC Резултат: 2 работни дена.
860 ден
Уринарен статус со седимент
За тестот: Физичко – хемискиот преглед на урината се користи за скрининг на голема група на нарушувања, како инфекции на уринарен тракт, болести на урогениталниот систем, како и метаболни нарушувања (дијабетес). Прегледот се состои од три дела:
  1. Преглед на физичките и физичко - хемиските карактеристики на урината (изглед, боја, Ph – киселост, специфична тежина);
  2. Хемиска анализа на урина - глукоза, кетони, протеини, нитрити, уробилиноген, билирубин, микроалбумини, креатинин, аскорбинска киселина;
  3. Преглед на седимент на урина т.е. микроскопски преглед на талогот на урината кој се добива по нејзино центрифугирање, а се детектира присуство на еритроцити, леукоцити, епителни клетки, цилиндри, кристали, габички, слуз и бактерии.
Примерок: Урина. Подготовка: Најдобро е да се земе примерок од прва утринска урина (среден млаз), после тоалета на надворешните генитални органи со топла вода и сапун. Физичко-хемискиот преглед на урината со седимент треба да се направи во рок од 2 часа од земање на примерокот, односно 4 часа ако примерокот се чува во фрижидер. Метода: UBS/MIC Резултат: Истиот ден.
180 ден
Протеинурија 24 часовна
За тестот: Детекција на излачени протеини во урина за време од 24 часа. Тестот е валиден само доколку се работи од 24 часовна урина (целодневна) - диуреза. Примерок: 24 часовна урина. Подготовка: Види - “Подготовка на пациентот за правилно земање на примерок”. Метода: TURB Резултат: Истиот ден.
480 ден
Микроалбуминурија
За тестот: Микроалбуминурија е тест за докажување на мали концентрации на албумини во урина, кои можат да бидат прв знак за оштетување на функцијата на бубрезите при хронични заболувања, како дијабетес мелитус и хипертензија. Примерок: Урина. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: TURB Резултат: Истиот ден.
450 ден
uACr – Уринарен албумин-креатинин индекс
За тестот: Уринарниот албумин - креатинин индекс е важен тест за проценка на бубрежната функција кој детектира присуство на мали количини на албумин во урината (албуминурија), како и степенот на албуминурија доколку ја има. Албуминуријата може да биде прв знак за оштетување на бубрезите кај хронични состојби како што се дијабетес мелитус и хипертензија. Примерок: Урина. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метода: TURB Резултат: Истиот ден.
600 ден
Креатинин клиренс
За тестот: Креатинин клиренс е тест за проценка на функцијата на бубрегот. Под поимот клиренс се подразбира волумен на крв, кој со проаѓање низ бубрезите ќе се “прочисти” од некоја материја (во случајов креатинин) во единица време. Намалени вредности се јавуваат кај пациенти со бубрежни заболувања, болести на срцето и земање на некои лекови. Примерок: Венска крв. 24 часовна урина. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. 24 часовна урина - Види - “Подготовка на пациентот за правилно земање на примерок”. Метода: CALC, PHO Резултат: Истиот ден.
330 ден
GFR-гломеруларна филтрација
За тестот: Стапката на гломеруларна филтрација (ГФР) е најдобар индекс за проценка на функцијата на бубрезите. ГФР варира во зависност од пол, возраст и телесна тежина, а вредностите опаѓаат со стареење. Примерок: Венска крв. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Метода: CALC, PHO Резултат: Истиот ден.
300 ден
Присуство на дизморфни еритроцити во урина
За тестот: Со анализата за одредување на дизморфни еритроцити во урина, според формата на еритроцитите која се гледа под микроскоп, се одредува нивното потекло - дали потекнуваат од бубрегот или дисталниот дел на уринарниот тракт. Еритроцитите кои потекнуваат од бубрегот имаат специфичен облик - дизморфија (изменет облик) поради нивно провлекување низ мембраните на гломерулот на бубрегот, што кај здрава индивидуа не се случува. Примерок: Урина. Подготовка: Најдобро е да се земе примерок од прва утринска урина (среден млаз), после тоалета на надворешните генитални органи со топла вода и сапун. Физичко - хемискиот преглед на урината со седимент треба да се направи во рок од 2 часа од земање на примерокот, односно 4 часа ако примерокот се чува во фрижидер. Метода : MIC Резултат: Истиот ден.
350 ден
Анализирање на хемиски состав на камен од бубрег
За тестот: Анализата на каменот од уринарниот тракт опфаќа опис на физичките особини на бубрежниот камен, анализа на неговиот хемиски состав како и препорака за хигиено - диететски режим, кој е од големо значење за спречување на повторното појавување на бубрежните камчиња, кое е многу често. Примерок: Бубрежно камче или камче од останатите делови на уринарниот тракт, кое е хирушки отстрането или спонтано измокрено. Подготовка: Посебна подготовка не е потребна. Метода: SKKM Резултат: 2 дена.
3.900 ден
Серумско железо
За тестот: Железото е есенцијален елемент кој во човековиот организам има повеќе функции, но најважна е неговата улога во градбата на хемоглобинот, основен за функционирање на еритроцитите. Концентрацијата на серумското железо се одредува како помошна алатка при дијагностицирање на анемија или преоптеретување на организмот со железо (хемосидероза). Анализата серумско железо нема дијагностичко значење кога се одредува сама (циркадијален ритам) и затоа потребно е да се прави во склоп на другите анализи кои ни даваат податок за метаболизмот на железото (хемоглобин, трансферин, феритин, UIBC, TIBC). Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: PHO Резултат: Истиот ден.
160 ден
Феритин
За тестот: Феритинот претставува комплекс на протеин и железо. Се наоѓа во сите ткива, а најмногу во коскената срцевина, црниот дроб и слезената. Нивото на серумскиот феритин е одраз на резервите на железо во организмот, односно го одредува степенот и тежината на недостатокот или преоптеретување на организмот со железо. Тој е исто така и протеин на акутна фаза, односно се покачува при состојби на хронични инфекции, воспаленија, малигни заболувања и сл. Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: ELFA/CLIA Резултат: Истиот ден.
600 ден
Tрансферин
За тестот: Трансферинот е протеин кој го транспортира железото во крвта. Анализа која се користи при дијагностицирање на анемија или хемосидероза, но потребно е да се прави во склоп на другите анализи кои ни даваат податок за метаболизмот на железото (хемоглобин, феритин, UIBC, TIBC). Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: TURB Резултат: Истиот ден.
550 ден
Сатурација на трансферин
За тестот: Сатурација (заситеност) на трансферин е дел од тестовите кои се користат за проценка на метаболизмот на железо, и претставува однос на железотo и TIBC. Се одредува за проценка на заситеноста на трансферинот, при дијагностицирање на анемија или оптеретување на организмот со железо (хемосидероза). Потребно е да се прави во склоп на другите анализи кои ни даваат податок за метаболизмот на железото (хемоглобин, трансферин, феритин, UIBC, TIBC). Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: CALC, PHO Резултат: Истиот ден.
500 ден
UIBC (Незаситен капацитет на врзување на железото)
За тестот: Физиолошки само еден дел од серумскиот трансферин е врзан за железото, а другиот е слободен т.е незаситен. Тој дел од трансферинот кој сеуште може да врзе железо е означен како незаситен капацитет на врзување на железото. UIBC е анализа која се користи за индиректна проценка на трансферинот, при дијагноза на анемија или хемосидероза, но секогаш заедно со останатите маркери за метаболизам на железо. Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: PHO Резултат: Истиот ден.
270 ден
TIBC (Вкупен капацитет на врзување на железото)
За тестот: Железото во крвта се пренесува со протеинот трансферин. TIBC е анализа која ја покажува максималната концентрација на железо која трансферинот може да ја врзе. Серумскиот TIBC варира кај пореметувања на метаболизмот на железо. Кај феродефицитна анемија TIBC се покачува, односно висок TIBC значи ниска концентрација на железо. Примерок: Венска крв. Подготовка: Примерокот се зема наутро после 10 - 12 часовно гладување. Метода: PHO Резултат: Истиот ден.
450 ден
]