На резултатите на лабораториските испитувања влијаат следните параметри:
Давањето на точни податаци пред процесот на венепункција е важно за правилно толкување на резултатите во однос на референтните вредности кои се различни за деца и возрасни; бремени жени и жени во менопауза; пациенти кои примаат одредена терапија и здравата популација.
За преглед на урината неопходно е да се земе после лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун).
За анализа на уринарен статус се користи првата утринска урина земена во стерилен сад. Земениот примерок урина треба во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија.Доколку не сте во можност да ја донесете веднаш во лабораторија, урината може да се стави во фрижидер. Анализа на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.
За анализи при кои се одредува 24 часовна урина ( целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода ( околу 1.5 L ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише (најдобро од флаширана вода). Првото утро на собирање на урината, најпрво комплетно испразнете го мочниот меур, ФРЛЕТЕ ја таа урина и забележете го времето. Собирајте ги СИТЕ примероци на урина во текот на денот и ноќта во пластично шише. Точно 24 часа од почетокот на собирањето, комплетно испразнете го мочниот меур и целата урина додајте ја на претходната количина. Овој последен примерок ја комплетира Вашата 24 часовна урина.
Тестот се работи со претходно закажување во лабораторија.
Упатство за пациентот:
Тестот на оптоварување со глукоза се прави во лабораторија, во траење од 120 минути.
За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие пуши.
Неколку дена пред изведувањето на тестот пациентот треба да е на урамнотежена исхрана и не би требало да се изложува на поголеми физички напори. Би требало да се прекине со земање на поедини лекови кои влијаат на метаболизмот на глукоза (пр. коритикостероиди), но само во договор со лекарот.
Сите примероци за микробиолошки анализи најдобро е да се земаат пред започнување на антибиотска терапија или неколку дена ( најмалку 48h ) по прекинот на антибиотската терапија. Микробиолошките испитувања се вршат и во тек на антибиотската терапија, но со цел да се следи терапискиот ефект и тоа мора да биде нагласено при оставањето на примерокот во лабораторијата.
Урина за уринокултура задолжително се собира во домашни услови. Подготовка за собирање на урина за уринокултура е потребна кај секој пациент и се разликува според полот (мажи, жени) и возраста (доенчиња, деца). Подготовката отпочнува со тоалета на надворешните генитални органи, миење со млака вода, со или без сапун, но не треба да се користат дезинфекциони средства. Кај жените миењето се врши со туш, од напред кон назад, се впива вишокот вода со тоалетна хартија или пешкир, без триење и без да се доближуваат колениците се отпочнува со мокрење. Кај мажите и машките деца се мијат надворешните гениталии и главата на половиот орган со повлекување на кожичката (препуциум).Измокрена урина која треба да се собере непосредно по спроведена тоалета на надворешните генитални органи при што првиот млаз од урината се остава да истече во тоалетот и без да се прекине мокрењето се собира средниот млаз директно во стерилното шишенце, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен.Кај децата кои не можат да соработуваат во мокрењето (доенчиња и мали деца), родителот односно лицето кое ќе ја собира урината треба да ги измие рацете, да направи тоалета (миење) на гениталната регија на детето со вода и сапун, и наисчистената површина околу гениталиите да залепи специјална стерилна кесичка наменета за собирање урина кај доенчиња и мали деца, која се набавува од аптека. За 15-тина минути до половина час, откако детето се измокрило, внимателно се одлепува кесичката и се транспортира до лабораторијата.Урина за уринокултура може да се земе во било кој период од денот, не е неопходна прва утринска урина. Собраната урина треба да се достави во лабораторијата во рок од најмногу 2 часа или, ако е тоа невозможно, да се чува во фрижидер на +4 до +8 степени Целзиусови, најдолго до 24 часа.Ако не е направена соодветна тоалета (миење) на надворешните генитални органи, ако урината е контаминирана со вагинален секрет кај жените или ако е собран и првиот уринарен млаз, урината нема да биде соодветна за уринокултура, ќе биде контаминирана. Ако пак урината не е соодветно чувана и не е навреме донесена во лабораторијата, микроорганизмите што ја контаминирале ќе се размножат во поголем број и нема да биде реално испитувањето.
За испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреаплазма со урина како примерок за испитување, потребно е да се собере првиот утрински млаз урина, во кој се собираат епителните клетки од уретрата, а во нив и на нив се наоѓаат овие микроорганизми. Ова најмногу се однесува на мажите, а кај жените најчесто се зема цервикален брис за докажување на овие бактерии.
Уретрален бриссе испитува при сомнеж за уретитис предизвикан од различни бактерии, како и хламидија, микоплазма или уреаплазма. Уретрален брис се зема наутро, пред првото мокрење, а кога тоа не е можно, тогаш може во текот на денот со единствен и главен услов да поминат најмалку 2 часа од последното мокрење.
Брис од фаринкс (грло) се земе во текот на денот, најмалку 2h од последното земање на храна и пијалоци и без употреба на гума за жвакање. Пациентот ја отвара устата, го исплазува јазикот надвор и вика „ААА“. Стручното лице со стерилна шпатула го притиска јазикот кон базата на устата и со стерилниот брис го пребришува фаринксот и тонзилиите, внимавајќи да не ја допира слузокожата на устата.
Брис од нос се зема пред или најмалку 3 – 4 часа од последното испирање на носот со средства за исплакнување и/или употреба на капки за нос. Најдобро би било за микробиолошки преглед да се собере густиот обоен секрет од носот, бидејќи тој укажува на бактериска инфекција, за разлика од проѕирниот и воденкаст секрет, кој обично ја прати вирусната инфекција.При земањето брис од грло и нос кај деца, неопходна е помош од родител или друго лице, кое треба да го држат детето во скутот, меѓу своите нозе да ги држи нозете на детето, со едната рака да ги покрие и држи притиснати двете раце на детето, а со другата рака поставена на челото на детето да ја држи главата на детето наслонето на своит гради, се додека стручното лице ги зема брисевите од нос и од грло.
Искашлок (sputum) за микробиолошка и молекуларна анализа најдобро е да се зема наутро, кога кажлањето е најпродуктивно. Лица што немаат продуктивна кашлица (не искашлуваат) не можат да испитуваат микробиолошки спутум. Пациентот треба прво да ја исплакни устата со гаргарање со обична вода, потоа длабоко да се искашла и да го исплука искашлокот во стерилниот сад, со што е можно помалку плунка.Најдобро е паралелно со испитувањето на спутум да се испита и брис на усната празнина. Квалитетот на спутумот за микробиолошко испитување се проверува со макроскопски, со проценка за количеството на искашлок и плунка и микроскопски, според количеството на орофарингеални епителни клетки. Примерок со големо количество плунка и без шлајм (искашлок од долните дишни патишта не е соодветен за микробиолошко испитување како спутум и треба да се одбие и да не се обработува.
Генитални брисеви од женскиот генитален трак (вагина и цевикс) треба да се земат на гинеколошки стол и под спекулум. Брисевите може да се земаат најмалку 24 часа по сексуален однос.Се земаат еден вагинален брис (за бактерии и квасници во вагината), и 3 цервикални брисеви, кои се земаат по редослед со означување на брисевите: прв цервикален брис – за бактерии, втор брис – за микоплазма и уреаплазма и трет брис – за хламидија.Уретрални брисеви се земаат наутро, пред првото мокрење или најмалку 2 часа по последното мокрење. Се испитуваат три уретрални брисеви, кои се земаа по ред: прв брис – за бактерии и квасници, втор брис – за микоплазма и уреаплазма и трет брис – за хламидија.Брисевите за HPV се земаат на гинеколошки стол под спекулум, од страна на гинеколог на кој што претходно му се доставуваат готови медиуми.
Спермокултура се изработува од сперма која пациентот треба да ја собере сам, директно во стерилно шишенце. Постапка за собирање сперма за сермокултура: се прави тоалета на надворешните генитални органи и под кожичката на главата на половиот орган, со млака вода, како за уринокултура. Пациентот треба да се измокри (уринира).Спермата која ќе ја исфрли со мастурбација ја собира директно во стерилното шише. Препорачливо е заедно со спермокултура да се испита и уринокултура, заради споредба на изолираните видови бактерии и бројот на CFU/mLво двата примероци и исклучување на уринарна инфекција или асимптоматска бактериурија и контаминација на спермата.