Известување

декември 2, 2021

Почитувани граѓани и соработници,
Појавата на новата Боцвана SARS CoV варијанта, Омикрон сој на 24.11.2021 година е опишана како најстрашен сој на вирусот, познат до сега од експертите и претставува интригантна појава за истражување, особено од страна на молекуларните биолози, виролози и останат стручен персонал.
Новиот сој систематизиран како VOC B.1.1.529 во својот геном ги поседува сите „загрижувачки мутации“ веќе присутни кај останатите соеви на COVID, како и дополнителни мутации кои допринесуваат за инфективноста и резистентноста кон вакцините моментално достапни. Новиот „супер сој“ ги има присвоено сите мутации од Делта сојот што им дава за право на научниците да очекуваат поинтензивна трансмисија и доминантност во инфективниот процес на ниво на хуманата популација, споредено со претходно појавените соеви.
Омикрон ги носи и алтерациите во геномот карактеристични за Бета сојот, а кои се одоговорни за резистенција на вештачки стекнат имунитет со до сега достапните вакцини, како и мутацијата карактеристична за Алфа сојот. Вкупно, новиот сој носи повеќе од 50 мутации во целиот вирусен геном (positive sense ssRNA) од кои само 32 мутации се лоцирани во генот кој го кодира Spike протеинот. Токму поради големиот број на мутации во S генот, неговиот функционален протеински продукт – Spike протеинот добива сосема различна тродимензионална конформација и станува непрепознатлив за антителата вештачки индуцирани во даден организам, односно под дејство на вакцина, а која била креирана специфично за иницијалната 3D структура на S протеинот. Трите амино киселински супституции H665Y, N679K и P681H овозможуваат полесна интернализација на вирусот во клетка домаќин, додека супституциите R203K и G204R се задржани во протеомот на Омикрон, а се присутни и кај сите претходно настанати соеви кои СЗО ги дефинира како загрижувачки (VOC – Variant of Concern).

Лабораторискиот синџир на специјализирани дијагностички лаборатории БИОТЕК во Скопје и преку соработката која ја остварува на национално и интернационално ниво со останати дијагностички центри, вклучени во скринингот за време COVID пандемијата, во чекор ја следи секоја инцидентна состојба и нуди целосно решение за дијагностицирање на новиот ОМИКРОН мутантен сој со метода на RT-PCR на генетско ниво. Конкретно, споредено и анализирано врз основа на достапни биоинформатички податоци за мутациите во сојот B.1.1.529 на корона вирусот, беше дефинирано дека погоре елаборираните мутации во геномот на новиот сој не ги афектираат дијагностичките својства на тестот SARS CoV-2 /SARS CoV Multiplex Real Time PCR произведен од DNA Technology, во Русија.
Имено, мултиплекс панелната конструкција на тестот е токму наменета за детекција и диференцијација на 3 гени од кои 2 се високо специфични и ниско мутабилни за SARS CoV-2 и 1 ген карактеристичен за целата фамилија на Coronaviridae која ги вклучува сите новонастанати мутантни соеви.

Срдечно,
Ваша БИOTEK Лабораторија – ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!