Уринарниот албумин-креатинин индекс е важен тест за проценка на бубрежната функција кој детектира присуство на мали количини на албумин во урината (албуминурија), како и степенот на албуминурија доколку ја има. Албуминуријата може да биде прв знак за оштетување на бубрезите кај хронични состојби како што се дијабетес мелитус и хипертензија.
Зошто се изведува тестот и кај кои пациенти се препорачува?
Бубрежното заболување обично не покажува никакви симптоми до подоцнежните фази на болеста – затоа е важно да се прави uACR тест барем еднаш годишно ако имате некој од овие фактори на ризик:
• Дијабетес.
• Хипертензија (висок крвен притисок).
• Кардиоваскуларни болести (историја на срцев удар или мозочен удар).
• Срцева слабост.
• Семејна историја на бубрежна болест, бубрежна инсуфициенција или дијализа.
• Зголемена телесна тежина (особено ако вашиот индекс на телесна маса или БМИ е над 30).
• Пушење или друга употреба на тутунски производи.
• Возраст над 60 години.
Квантитативниот uACR тест кој се работи во нашата лабораторија, е најдобриот тест за луѓе со висок ризик за бубрежно заболување бидејќи нуди најдобар баланс на прецизност и практичност.
Проценка на здравјето на бубрезите
Едноставен уринарен тест
Проверка на нивото на албумин
Албумин е тип на протеин и зголемувањето на неговата вредност е знак за бубрежно оштетување.
Биотек Лабораторија се грижи за вашето здравје.
БИОТЕК лабораторија – иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.