Enteroflor Kiddy

ноември 9, 2023

Детството е период на формираье на интестиналниот микробиом. Динамиката на формиране на интесиналниот микробиом зависи од формирането на плодот, типот на породувањето, типот на хранењето и употребата на антибиотици, па затоа и неговиот состав може да се разликува кај деца на иста возраст.

Enteroflor Kiddy претставува модерно револуционерно дијагностичко отркитие и решение базирано на фундаментално определуване на статусот на интестинална микрофлора кај децата.

Што претставува цревен микробиом?

Тоа е збир од сите микроорганизми (бактерии, габички, вируси..) кои нормално живеат во нашиот дигестивен систем. Тој е од големо значење бидејќи:

  • учествува во одбрана на човекот од патогени микроорганизми
  • помага во синтеза на витамини (К, Б12, Б8)
  • помага во варењето на храната во цревата

Што се случува кога ќе се наруши цревниот микробиом?

  • Појава на течна столица, кркорење во цревата, лошо варење на храната
  • Намалување на имунитетот
  • Проблеми со телесната тежина
  • Лоша регулација на крвниот шеќер
  • и низа други проблеми

Како најчесто се појавува дисбаланс на цревната флора (дисбиоза)?

  • При долготрајни интестинални нарушуваьа предизвикани од микроорганизам
  • Интестинална дисфункција кај деца со имуносупресивна терапија, хемотерапија, ихормонална терапија
  • Алергиски заболувана
  • Интолеранција на мајчино млеко и хранење со адаптирано млеко
  • Чести акутни респираторни инфекции
  • Чести габични инфекции

Како да се заштитиме од дисбаланс на цревната флора

  • Со правилна исхрана
  • Физичка активност
  • Употреба на пробиотици

Што се пробиотици?

Пробиотици всушност претставуваат живи (добри) бактерии и габички, кои воспоставуваат равнотежа во дигестивниот систем.

Кога се користат пробиотици?

  • Дијареа (пролив)
  • Грчеви во стомакот, надуеност
  • Паралелно со примање на антибиотици
  • Иритабилен колон и друго

Кога е најдобро да се земат?

  • Пробиотиците се земаат според упатството на производителот
  • Доколку земате антибиотик, 2 до 3 часа пред негово конзумирање

Природни извори на пробиотици се:

  • кисело млеко
  • јогурт
  • кефир
  • други ферментирани производи

На која годишна возраст се прави Enteroflor Kiddy?

Од 0 до 14 годишна возраст

 

ENTEROFLOR® KIDDY – револуционерен молекуларен генетски тест за диференциjациjа и генотипизациjа на 43 специфични

таргети – 99,9% од микроорганизмите во детскиот интестинален микробиом