Молекуларен тест за детекција, генотипизација и квантификација на 21 високо и ниско ризични типови на HPV (Human Papilloma virus) QUANT 21 со Multipex Real Time PCR метод
Канцерот на грлото на матката претставува една од главните патолошки состојби на репродуктивниот систем. Вкупно 14% од сите малигнантни тумури кај жените отпаѓаат на овој тип, предизвикан од HPV (Human Papilloma virus).
Денес постојат над 130 видови на HPV, од кои 30 се сексуално преносливи (го напаѓаат епителот на урогениталниот тракт).
Благодарение на HPV Quant 21 китот за генотипизација и диференцијално дијагностицирање, се овозможува квантификација на:
Високоризични типови на вирусот: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 66, 68, 73, 82; од кои тип 16 и 18 се најчести во светот и се детектираат кај повеќе од 80% од сите цервикални карциноми;
Ниско ризични типови: 6, 11, 36, 42, 43, 44, 46, 47, 50 кои што предизвикуваат генитални брадавици (кондиломи).
• Која е предноста на HPV 21 тестот?
Детекција и идентификација
Квантитативно определување
Следење на здравствената состојба
Само еден брис овозможува детекција, генотипизација и квантификација на 21 тип HPV
Резултати готови за 48 часа
Висока аналитичка специфичност и сензитивност
Молекуларен тест со Multiplex Real Time PCR метод
Мажите не се исклучени од инфекција со HPV! Истите претставуваат бројни преносители на вирусот со блага симптоматологија и/или формирање на бенигни кондиломи. Оттука, со цел заштита на сопственото здравје како и здравјето на Вашите блиски (партнери) од исклучителна важност е HPV квантификација.
ЦЕНА 3.500мкд
БИOTEK Лабораторија – ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе