CALL CENTER: 13090

Fetal Gender – Генетски тест за рано определување на полот

SKU: 1166

4.000 ден

Fetal gender претставува генетски тест на принцип на Multiplex Real time PCR метода кој нуди детекција на полот на фетус во текот на првиот – почетокот на вториот триместар од бременоста.

Зошто Fetal gender?

Традиционално, феталниот генетски материјал за генетско тестирање на фетусот се добива со инвазивни техники кои носат ризик од околу 2-3% за спонтан абортус. Откривањето на cell-free фетална ДНК и РНК во мајчината крв нуди нов извор на фетален генетски материјал за неинвазивна пренатална дијагноза.

Ваквата нова техника е безбедна за бременоста во споредба со алтернативните методи.
Количеството на фетална ДНК во крвта на мајката се зголемува со зголемување на гестациска возраст и зависи од состојбата на плацентата и карактеристиките на текот на бременоста.

Индикации за тестирање:

Рано одредување на полот на фетусот може да помогне во навремена детекција на полово наследни болести на фетус каде има присуство на семејна историја на болести поврзани со Х хромозомот, и овозможува избор за прекин на бременоста во случаи каде има индикации од медицински причини.

  • присуство на маскулинизирачки ендокрини заболувања кај бремени жени, вклучително и конгенитална дисфункција на кората на надбубрежните жлезди (ACD), за корекција на терапијата со лекови;
  • можен пренос на гени за хемофилија од страна на жени и други полово поврзани болести (ментална ретардација поврзана со Х-хромозомот; миодистрофија; адренолеукодистрофија; Алпорт-синдром; имунодефициенција поврзана со Х-хромозомот; ретинитис пигментоза; хидроцефалус поврзан со X-хромозомот со низок линк);
  • Со ултразвукот не било можно да се утврди полот .

Кога е најдобро време за тестирање?

Препорачано е анализата да се прави од 10 гестациска недела. Методата овозможува да се постигне ниво на точност од 96-100%.
Китот е наменет за детекција на cell-free фетална ДНК, која потекнува од мулти-копирани фрагменти од Y хромозом, во крвта на бремени жени со методот на PCR во реално време. Количеството на cell-free фетална ДНК се зголемува со напредување на бременоста.

Избраниот целен фрагмент на ДНК е строго специфичен за Y хромозомот.

Примерок за анализа: периферна венска крв.

Ниво на точност на детекција од 96-100%.

Време на издавање на резултат: 48-72 часа

Description