AD (Андростендион)
1.900 ден
За тестот: Андростендион е стероид кој е главен претходник на тестостерон и естрадиол. Неговото клиничко значење потекнува од фактот дека често е покачено нивото во случаи на абнормален раст на влакна (хирзутизам) и вирилизација (маскулинизација). За разлика од андрогените кои потекнуваат од надбубрежната жлезда (DHEA и DHEA-S), циркулирачкиот андростендион потекнува и од надбубрежната жлезда и од јајниците. Нивото во крвта е во постојан пораст од 7-та година, а потоа постепено опаѓа по 3-та деценија од животот. Андростендионот покажува дневни варијации (највисока вредност има наутро), како и циклично варира за време на менструалниот циклус (највисока вредност има во средината на циклусот). За време на бременоста постои пораст на нивото во крвта.
Се одредува за проценка на функцијата на надбубрежните жлезди, јајниците и тестисите.
Примерок: Венска крв.
Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк. Треба да се има на ум дека физичка активност може да има значајна улога во циркулирачкото ниво на андростендионот.
Метод: CLIA
Резултат: 24 часа.
Опис

Резултат: 2 – 3 работни дена.