CALL CENTER: 13090

ParadontoScreen -Молекуларен тест за пародентоза – 7 таргети

SKU: 1253

3.500 ден

Микробиоценозата на усната празнина вклучува голем број на различни микроорганизми (бактерии, вируси, габи и протозои). Голем број од овие микроорганизми се опортунистички и дел од нормална микрофлора но, при дисбаланс во нивната застапеност предизвикувааат одредени патолошки состојби. Квалитативните и квантитативните нарушувања на рамнотежата помеѓу нормалните форми на микрофлора и опортунистичките микроорганизми се специфични за состојбата на дисбиоза, кога се забележува зголемување на бројот на потенцијално патогени микроорганизми и/или зголемување на патогената моќ на некои микроорганизми.

Типична хронична и најчеста болест која се појавува е хроничен перидонтитис предизвикана од следните бактерии застапени во субгингивалниот плак: Actinobacillus actinomycetemcomitans, Porphyromonas gingivalis, Prevotella intermedia, Tannerella forsythensis (Bacteroides forsythus), Treponema denticola, Candida albicans

Во моментов при дијагностицирање на периодонтитис, употребата на традиционални методи на клиничка и лабораториска дијагностика е вообичаена практика. Сепак, етиолошки значајните патогени се главно анаероби, што значително ја комплицира дијагностиката поради тешкотијата на одгледување анаероби во рутински лабораториски услови. Дополнително, треба да се направи квалификуван клинички преглед со фокус на дефинирање на етиолошки фактор на воспалителниот процес, што би можело да овозможи соодветна етиолошки ориентирана терапија.

ParodontoScreen тестот претставува ефикасно решение за дијагностицирање на дисбиотски нарушувања во усната празнина односно детекција и квантификација на горенаведените опортунистички микроорганизми.

Анализата придонесува за:

  • Објективно проценување на квалитативниот и квантитативниот состав на анаеробните микроорганизми истовремено во различни биотопи на усната празнина;
  • Мониторирање на оралната хигиена;
  • Оптимизирање на дијагнозата на болеста при нејзините почетни манифестации;
  • Спроведување на диференцијална дијагностика на периодонтитис со различна тежина на болеста.

Примерок: кревикуларни течности, дентален плак.

Време на издавање на резултат: 24 часа

Description