CALL CENTER: 13090

Молекуларна детекција на Mycoplasma pneumoniae

SKU: 1235

1.500 ден

Според СЗО, инфекциите на респираторниот тракт се една од главните причини за стапката на заболување и смртност, како кај доенчињата, така и во постарите возрасти. Околу 70% од овие инфекции влијаат на горниот респираторен тракт и пределот на средното уво. Дијагнозата и третманот на респираторните инфекции остануваат во фокусот на вниманието и кај терапевтите и кај педијатрите бидејќи овие инфекции сочинуваат над 90% од сите поплаки на амбулантските пациенти, особено во есенските и зимските сезони

Mycoplasma pneumoniе е едноклеточен грам-негативен микроорганизам без клеточен ѕид. Во однос на структурната организација, микоплазмите се наоѓаат помеѓу бактерии и вируси. Тешко се култивираат и се сметаат за површни паразити на мукозните клетки кои служат како нивни „домаќини“. Клиничките, радиолошките и лабораториските податоци за инфекциите предизвикани од M.pneumoniae се несоодветни за да се постави точна дијагноза врз основа на нив. Затоа, лабораториската дијагностика треба да вклучува директни методи (прво и основно PCR) за брзо откривање на микроорганизмот во биолошкиот материјал.

За специфична идентификација на Mycoplasma pneumoniе во човечки биолошки примероци препорачан тест за детекција е real-time PCR тестот тестот кој овозможува специфично и точно идентификување на оваа бактерија за многу краток временски период во споредба со микробиолошките техники.

Примерок за анализа: спутум, бронхоалвеоларна лаважа, брис од назален и орален фаринкс.

Време на издавање на резултат: 24 часа

Description