CALL CENTER: 13090

Молекуларна детекција на Chlamydia pneumoniae

SKU: 1233

1.500 ден

Според СЗО, инфекциите на респираторниот тракт се една од главните причини за стапката на заболување и смртност, како кај доенчињата, така и во постарите возрасти. Околу 70% од овие инфекции влијаат на горниот респираторен тракт и пределот на средното уво. Дијагнозата и третманот на респираторните инфекции остануваат во фокусот на вниманието и кај терапевтите и кај педијатрите бидејќи овие инфекции сочинуваат над 90% од сите поплаки на амбулантските пациенти, особено во есенските и зимските сезони.

Според статистичките податоци, C. pneumoniae е еден од најчестите бактериски патогени на околу 5-15 % од случаите на пневмонија стекната во заедницата. Само врз основа на клиничката слика, често е невозможно да се постави јасна дијагноза. Затоа, треба да се даде посебен акцент на лабораториската дијагностика за да се овозможи утврдување на етиологијата на инфекцијата и поставување дијагностика во раните фази на болеста.

Инфекцијата со C.pneumoniae може да помине и асимптоматски, но во повеќето случаи се манифестира со типични симптоми на настинка. Доколку нејзиното присуство во организмот  остане нетретирано може да доведе и до појава на бронхитис, ларингитис, синуситис и пнеумонија.  C. pneumoniae исто така, може да придонесе во патогенеза на инфламаторни заболувања како што се атеросклероза, артрит, астма, канцер на бели дробови и одредени невролошки нарушувања. За специфична идентификација на Chlamydophila pneumoniae во човечки биолошки примероци препорачан тест за детекција е real-time PCR тестот кој има сензитивност од барем 95-98%.

Примерок за анализа: спутум, бронхоалвеоларна лаважа, брис од назален и орален фаринкс.

Време на издавање на резултат: 24 часа

Description