Генетски тест за детерминирана интолеранција кон глутен – Целијакија – 10 таргети од HLA системот – HLA DQA1 и HLA DQB1
4.500 ден
Сензитивност на глутен или интолеранција кон глутен е имунолошка реакција на глутен, протеин кој се наоѓа во житни култури. Интолеранцијата на глутен е автоимуна состојба може да биде асоцирана со гастроинтестинални пореметувања со следната симптоматологија: надуеност, констипација, дијареа, дистензија, стомачна болка, губење на тежината, повраќање и сл. Симптомите најчесто се појавуваат после 2 часа од консумација на храна богата со глутен. Покрај споменатите може да се вклучени и негастроинтестинални пореметувања како херпетиформен дерматитис, хроничен замор, болки и воспаление на зглобовите, мигрени, депресија, низок раст, забавен развој, остеопороза/ остеопенија, Fe-дефицитарна анемија, недостаток на витамини, задоцнет пубертет, промени на забната глеѓ и др.
Дијагностицирањето на интолеранцијата кон глутен може да биде доста предизвикувачко и опфаќа повеќе тестирања кои вклучуваат:
1. Позитивен серолошки тест за целијакија додека се внесува храна богата со глутен
2. Карактеристични хистолошки наоди при биопсијата на тенкото црево и
3. Генетско тестирање.
Генетското тестирање опфаќа HLA молекуларната типизација која е важна алатка за детектирање на индивидуи кои се генетски подложни на целијакија. Хаплотипот на хуманиот леукоцитен антиген (HLA) DQ2 или DQ8 се идентификува со молекуларно генетско тестирање во кое се вклучени 10 маркери присутни на HLADQA1 и HLADQB1.
Хаплотиповите кои носат зголемена предиспозиција на интолеранција кон глутен се DQ2 во кој спаѓаат HLADQA1*0501 и HLADQB1*0201 и DQ8 во кој спаѓаат HLADQA1*0301 и HLADQB1*0302. Доколку се истите присутни кај тестираната индивидуа, предиспозицијата на интолеранција кон глутен е зголемена.
Примерок за анализа:периферна крв.
Време на добивање на резултат: 24 часа
Опис