E2 (Естрадиол)
850 ден
За тестот: Естрадиолот е биолошки најактивен естроген. Естрогените се создаваат во јајниците (фоликули, жолто тело) а за време на бременоста во плацентата, мали количини се создаваат и во тестисите и кората на надбубрежните жлезди. За време на менструалниот циклус концентрацијата на естрадиолот варира во зависност од фазата на циклусот.
Естрадиолот се одредува кај жени кои имаат симптоми на хормонски дизбаланс, како што е абнормално вагинално крвавење или изостанок на менструалниот циклус, жени кои имаат ран или касен развој на половите органи, за проценка на плацентарното здравје и фетусот, како и кај жени кои земаат заменска терапија со естрогени за да се следи успешноста на терапијата.
Кај мажи кои имаат знаци на феминизација, вклучувајќи и сомнеж за тумори кои создаваат естрогени.
Кај деца кои имаат преран или доцен пубертет.
Естрадиолот најчесто се одредува заедно со FSH, LH, прогестерон, тестостерон и SHBG.
Примерок: Венска крв.
Подготовка: Претходна подготовка не е потребна, пожелно е примерокот да не се зема веднаш по оброк.
Метод: ELFA/CLIA
Резултат: 24 часа.
Description