Генетски тест за рано определување на Rh факторот на фетусот со генотипизација на RHD генот
3.100 ден
Rh факторот или уште познат како Резус фактор е протеинска молекула која се наоѓа на површината на еритроцитите. Доколку овој протеин е присутен тогаш станува збор за Rh + фактор (Rh позитивен) индивидуа а доколку е отсустен тогаш станува збор за Rh- негативна индивидуа. Проблеми при бременост настануваат доколку мајката е со Rh- фактор а плодот е Rh+фактор. При ваква состојба во мајката се продуцираат антитела (anti Rh-антитела) кои крвта на плодот ја препознаваат како туѓа и лесно преминуваат преку плацентата што доведува до спонтани аботуси и уништување на плодот, појава на хемолитички заболувања на плодот и обилни крварења. Обично оваа состојба настанува после првата бременост со Rh+ плод.
Биотек лабораторија го воведе тестот за рано откривање на Rh факторот на плодот при што се врши генотипизација на RHD генот со изолација од мајчината крв. На тој начин се спречува ризикот од појава на хемолитички болести кај плодот и ризикот од предвремено породување и спонтан абортус. Ризикот за појава на овие состојби се зголемува со секоја следна бременост со Rh+ фетус.
Fetal RHD Genotyping е неинвазивен пренатален генетски тест наменет за детекција на RHD ген на фетусот базирана на специфична детекција на два егзони од RHD генот (егзон 7 и егзон 10) во крвта на Rh негативна мајка.
Овој тест е наменет за сите Rh негативни мајки, со превентивен карактер и навремено реагирање со соодветен фармацевтски агенс после прва бременост со Rh позитивно бебенце.
Примерок за анализа:периферна крв.
Време на издавање на резултат: 48-72 часа
Опис