CALL CENTER: 13090

Генетски тест за микроделеции во Y хромозомот поврзани со азооспермија и наследна форма на машка неплодност – AZF microdeletions – 14 таргети

SKU: 1273

4.000 ден

Неплодноста се дефинира како неуспех да се зачне кај пар кој се обидува да се репродуцира во период од една до две години без зачнување. Приближно 15 проценти од паровите се неплодни, а меѓу овие парови, неплодноста со машки фактор е одговорна за приближно 50 проценти од причините. Машката неплодност е мултифакториелен синдром кој опфаќа широк спектар на нарушувања. Кај повеќе од половина од неплодните мажи, причината за нивната неплодност е непозната (идиопатска) и може да биде вродена-генетска или стекната. Во генетските фактори се вбројуваат микроделециите на Y хромозомот во AZF регионот.
Биотек лабораторија го воведе молекуларниот тест за детекција на микроделеции во AZF регионот на Y хромозомот поврзани со азооспермија. Панелот вклучува 13 неполиморфни маркери кои овозможуваат откривање делеции во трите локуси AZFa AZFb и АZFc на AZF регионот на Y хромозомот (sY134, sY242, sY142, sY255, sY615, sY254, sY1125, sY84, sY1197, sY86, sY1206, sY127, sY1291), како и маркер на SRY генот кој го кодира Y протеинот кој го одредува полот.
На сите парови кои се борат со стерилитет и во својата фамилијарна историја имаат присуство на машка неплодност се препорачува да го направат овој тест. Со резултатите добиени од тестот ќе се изврши откривање на причината за појавата на неплодноста кај мажите. Доколку станува збор за генетска промена, се пристапува кон соодветен избор за третман на состојбата. Воедно откривањето на микроделециите на Y хромозомот овозможуваат навремена превенција од раѓање на дете со одредени абнормалности, појава на азооспермија и Синдром на Сертолиеви клетки. За машката неплодност покрај генетската конституција, голем дел придонесува и животниот стил на човекот.
Примерок за анализа:периферна крв.

Време на издавање на резултат: 24 часа

Description