CALL CENTER: 13090

АНЕКС број 1: Политика за приватност на личните податоци на веб-страната и онлајн сервисите на Биотек Лабораторија

   Биотек Лабораторија собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во  натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://bioteklab.com.mk/politika-za-privatnost/

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај Биотек Лабораторија не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на Биотек Лабораторија се  потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. Биотек Лабораторија може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, Биотек Лабораторија ги собира следните податоци:

Лични идентификациски податоци

Биотек Лабораторија може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на Биотек Лабораторија.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

Биотек Лабораторија ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до Биотек Лабораторија. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои Биотек Лабораторија може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.

Идентификациски податоци што не се лични

БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на Биотек Лабораторија. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

  • Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,
  • Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,
  • Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,
  • Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на Биотек Лабораторија кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,
  • Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб – страницата на БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата, но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

Биотек Лабораторија користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

  • Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.
  • Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.
  • Маркетинг колачиња. Биотек Лабораторија не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.
  • Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Биотек Лабораторија и Биотек Лабораторија нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

За целосна транаспарентност, во продолжение преглед на колачињата кои би можела да ги користи  веб-страницата на БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА:

„Колаче“ Намена Период на траење Тип
_cookieConsent Се користи со цел да го памети изборот на посетителот во однос на „колачињата“ при наредна посета. 1 година Строго неопходно
_gid Се користи од Google Analytics со цел да памти/зачува информација како посетителите го

користат веб-сајтот и помага при креирање на

24 часа Аналитички
аналитички извештаи за функционалноста на веб- страницата.

Податоците кои ги собира се: број на посетители, извор од каде доаѓаат посетите, и страниците кои се посетуваат анонимно.

_ga Се користи од Google Analytics со цел да регистрира единствен ID на посетителот со што потоа се генерираат статистички податоци како посетителот ја користи веб-страницата. 2 години Аналитички
_gcl_au Се користи од Google AdSense да го прати користењето на сајтот на корисникот за маркетинг цели. 90 дена Маркетинг
_utmb Се користи од Google Analytics да разликува нови сесии и посети. 30 минути Аналитички
_utmz Се користи од Google Analytics да го идентификува изворот на сообраќајот, при што БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА добива информација од каде посетителот дошол до веб- страницата на Биотек Лабораторија. 6 месеци Аналитички
_utmc Се користи од Google Analytics да детектира нови наспроти посетители кои повторно ја посетуваат веб-страницата. Колачето чува податоци се додека посетителот е на сесијата. По сесија Аналитички
_utmt Се користи од Google Analytics да ги контролира/ограничува операциите на посетителот во даден период. 10 минути Аналитички
_utma Се користи од Google Analytics да прави разлика помеѓу посетител и сесија. 2 години Аналитички

При првата посета на веб-страницата на Биотек Лабораторија посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на Биотек Лабораторија и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на Биотек Лабораторија не е можно да се исклучат. Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на Биотек Лабораторија не е условена од прифаќањето на  колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

Биотек Лабораторија постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн                      сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

  • За подобрување на услугите на Биотек Лабораторија кон пациентите

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Биотек Лабораторија применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на Биотек Лабораторија.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на Биотек Лабораторија, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. Биотек Лабораторија не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на Биотек Лабораторија. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или  сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со субјектите. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на Биотек Лабораторија е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Биотек Лабораторија има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на Биотек Лабораторија, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, Биотек Лабораторија ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.