Простатата е машка жлезда, дел од репродуктивниот систем, која учествува во формирањето на семената течност.
Голема е како орев или костен, со тежина од 15-20 грама, волумен од 20-25 cm, димензии од 3 x 4 x 2.5 cm.
Бенигна хиперплазија на простатата (БХП) значи нејзино зголемување кое ретко настапува пред 40 години, најчесто по 50 години возраст.
За БХП е важна фамилијарната историја, физичката активност го намалува ризикот од истата, а го зголемуваат ризикот обезноста, цигарите, диабетот и кардиоваскуларните болести.
Најчести симптоми се :
• почесто мокрење, особено навечер
• ургентност, итност
• потежок почеток на мокрењето
• потенок млаз
• инконтиненција
• неспособност за потполно празнење
• болка за време на уринирање
На време направите ги вашите превентивни и редовни прегледи во Поликлиника Биотек со ехо преглед на простатата, одредување на рестурина и тумор маркерите.
Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
Др спец.интернист Зоран Михајловски, спец. по семејна медицина едуцира
Превенирај за подобро здравје!