Промотивен пакет за трудиници
Benetech PRA – тест за пренатален скрининг во прв и втор триместар
Benetech PRA е пренатален скрининг тест кој е златен стандард во модерниот пренатален скрининг. Се користи канадски софтвер и поседува сертификат за квалитет ISO 13485 кој им овозможува на сите бремени жени да дознаат повеќе за здравјето на нивното неродено бебе, без било каков ризик и болка. Овој тест се препорачува кај секоја трудница, а се изведува брзо, едноставно и лесно со земање на примерок крв од вена и ехо преглед кај гинекологот. Со само еден тест се пресметува ризикот од појава на хромозомски абнормалности кај фетусот како:
• Трисомија 21 – Down Syndrome
• Трисомија 18 – Edvards Syndrome
• Трисомија 13 – Patau Syndrome
• OSB (Open Spina Bifida)
• SLOS (Smith-Lemli-Opitz Syndrome)
Benetech PRA тестот е единствен кој ви овозможува откривање на повеќе малформации (OSB,SLOS). Од особена важност е неговата примена кај бременост со близнаци, со што го издвојува ризикот за фетус А од фетус Б. Се користи и при рана дијагноза на прееклампсија (најтежок облик на компликација во бременоста поради хипертензија) со маркерот инхибин А.
Тестот се прави во прв триместар (12-14 недела) и во втор триместар (15-21 недела).
Заедно со секој направен Benetech PRA тест за пренатален скрининг во БИОТЕК Лабораторија добивате бесплатна крвна слика и ви овозможуваме анализа на витамин Д со 50% попуст.
Акцијата трае до 21.07.2021
БИOTEK Лабораторија – ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!