Прикажани се 1 - 4 од 4 анализи
Страница 1 од 1
GENESIS - Неинвазивно пренатално генетско тестирање на најчестите хромозомски анеуплоидии и одредување на полот^
Желбата за здраво потомство е приоритет во секоја фамилија. Откривањето на слободната фетална ДНК која циркулира низ крвта на мајката отвори нови поглавја во развојот на неинвазивните пренатални генетски тестирања (НИПТ) обезбедувајќи безбедно тестирање на фетусот без ризик за здравјето на мајката и плодот, а со тоа и поудобна и безгрижна бременост.
Генезис и Генезис Плус анализите се дел од рутинските анализи кои се изведуваат во Биотек лабораторија, а кои овозможуваат рана детекција на фетални хромозомски абнормалности. Анализите се базираат на новите секвенционирачки технологии кои нудат детекција и рано одредување на анеуплоидии кај фетусот кон крајот на првиот – почетокот на вториот триместар од бременоста (10 - 16 недела).
За кого е наменет тестот?
За секоја трудница, а особено се препорачуваат во случај на:
35.000 ден
|
GENESIS Plus - Неинвазивно пренатално генетско тестирање на најчести хромозомски анеуплоидии и микроделеции/микродупликации
Желбата за здраво потомство е приоритет во секоја фамилија. Откривањето на слободната фетална ДНК која циркулира низ крвта на мајката отвори нови поглавја во развојот на неинвазивните пренатални генетски тестирања (НИПТ) обезбедувајќи безбедно тестирање на фетусот без ризик за здравјето на мајката и плодот, а со тоа и поудобна и безгрижна бременост.
Генезис и Генезис Плус анализите се дел од рутинските анализи кои се изведуваат во Биотек лабораторија, а кои овозможуваат рана детекција на фетални хромозомски абнормалности. Анализите се базираат на новите секвенционирачки технологии кои нудат детекција и рано одредување на анеуплоидии кај фетусот кон крајот на првиот – почетокот на вториот триместар од бременоста (10 - 16 недела).
За кого е наменет тестот?
За секоја трудница, а особено се препорачуваат во случај на:
43.000 ден
|
Fetal Gender - Генетски тест за рано определување на полот
Fetal gender претставува генетски тест на принцип на Multiplex Real time PCR метода кој нуди детекција на полот на фетус во текот на првиот – почетокот на вториот триместар од бременоста.
Зошто Fetal gender?
Традиционално, феталниот генетски материјал за генетско тестирање на фетусот се добива со инвазивни техники кои носат ризик од околу 2-3% за спонтан абортус. Откривањето на cell-free фетална ДНК и РНК во мајчината крв нуди нов извор на фетален генетски материјал за неинвазивна пренатална дијагноза.
Ваквата нова техника е безбедна за бременоста во споредба со алтернативните методи.
Количеството на фетална ДНК во крвта на мајката се зголемува со зголемување на гестациска возраст и зависи од состојбата на плацентата и карактеристиките на текот на бременоста.
Индикации за тестирање:
Рано одредување на полот на фетусот може да помогне во навремена детекција на полово наследни болести на фетус каде има присуство на семејна историја на болести поврзани со Х хромозомот, и овозможува избор за прекин на бременоста во случаи каде има индикации од медицински причини.
4.000 ден
|
Генетски тест за рано определување на Rh факторот на фетусот со генотипизација на RHD генот
Во сегашната акушерска пракса, често е неопходно да се изврши генетско тестирање на фетусот за време на раната бременост. Традиционално, феталниот генетски материјал се добива со инвазивни техники, но тие носат ризик од спонтан абортус околу 2-3%.
Откривањето на фетална ДНК и РНК во мајчината крв понуди нов извор на фетален генетски материјал за неинвазивна пренатална дијагноза. Бидејќи материјал за истражувањето е мајчината крв, овие нови техники се безбедни за бременоста во споредба со претходните методи. Бројот на фетална ДНК во крвта на мајката се зголемува со зголемувањето на гестациската возраст и зависи од состојбата на плацентата и карактеристиките на текот на бременоста.
Почнувајќи од 8-10 гестациска недела, методите на неинвазивно пренатално генетско тестирање овозможуваат да се постигне ниво на точност од 96-100%.
Сите Rh-бремени жени поминуваат динамична контрола на нивото на антитела на феталниот Д-антиген. Отсуството на антитела не може да гарантира дека и фетусот е Rh- бидејќи производството на мајчините антитела може да биде инхибирана поради интегритетот на плацентата или потиснат имунолошки одговор. Ризикот од спонтан развој на Rh болест останува под дадени околности. Покрај тоа, мајката ќе биде сензибилизирана во текот на породувањето.
Rh факторот или уште познат како Резус фактор е протеинска молекула која се наоѓа на површината на еритроцитите. Доколку овој протеин е присутен тогаш станува збор за Rh + фактор (Rh позитивен) индивидуа а доколку е отсустен тогаш станува збор за Rh- негативна индивидуа. Проблеми при бременост настануваат доколку мајката е со Rh- фактор а плодот е Rh+фактор. При ваква состојба во мајката се продуцираат антитела (anti Rh-антитела) кои крвта на плодот ја препознаваат како туѓа и лесно преминуваат преку плацентата што доведува до спонтани аботуси и уништување на плодот, појава на хемолитички заболувања на плодот и обилни крварења. Обично оваа состојба настанува после првата бременост со Rh+ плод.
Генотипизација на RHD генот со екстракција на фетална ДНК од мајчината крв се врши преку тестот за рано откривање на Rh факторот на плодот. На тој начин се спречува ризикот од појава на хемолитички болести кај плодот и ризикот од предвремено породување и спонтан абортус. Ризикот за појава на овие состојби се зголемува со секоја следна бременост со Rh+ фетус.
Fetal RHD Genotyping е неинвазивен пренатален генетски тест наменет за детекција на RHD ген на фетусот базирана на специфична детекција на два егзони од RHD генот (егзон 7 и егзон 10) во крвта на Rh негативна мајка.
Овој тест е наменет за сите Rh негативни мајки, со превентивен карактер и навремено реагирање со соодветен фармацевтски агенс после прва бременост со Rh позитивно бебенце.
Примерок за анализа: периферна венска крв.
Време на издавање на резултат: 48-72 часа
3.100 ден
|