Редовни прегледи за женско здравје

февруари 14, 2024
Женското здравје вклучува редовни гинеколошки прегледи и лабораториски испитувања, здрава исхрана, редовна физичка активност, контрола на тежина. Предупредувањето на здравствени проблеми преку идентификација и управување со факторите за ризик е од клучно значење за одржување на добро здравје и спречување на сериозни состојби. Редовните прегледи овозможуваат на личноста да дејствува проактивно и да работи со здравствениот кадар за да се одржи или подобри своето здравје.
ПАП тестот, колпоскопијата и ХПВ типизацијата се сите важни алатки кои гинеколозите користат за да откријат промени на грлото на матката кои може да укажуваат на ризик од развој на карцином. Редовните гинеколошки прегледи и тестирања на присуството на ХПВ можат значително да помогнат во раното откривање и третман на проблемите пред да се претворат во сериозни состојби.
Поликлиника Биотек ви нуди пакет здравствени услуги за испитување на редовни гинеколошки прегледи:
• Гинеколошки преглед
• ПАП тест
• Колпоскопија
Лабораторија Биотек
• HPV Quant 21 – ХПВ(Human Papilloma virus) типизација и квантификација на 21 тип.
Д-р Гордана Kипроска, Специјалист по гинекологија и акушерство едуцира за Женско здравје.
Превенирај за подобро здравје!