Почитувани пациенти,
Почнувајќи од 24.03.2020 во Биотек Лабораторија на адреса ул. Васил Ѓоргов бр.12, нас.Капиштец , Скопје ќе се врши тестирање за вирусот Covid-19. Тестирањето ќе биде со земање брис од нос, обработен со Real Time-PCR метода за чија изработка нашата лабораторија поседува сертификат за акредитација.
- Постапката за закажување и земање на примерок е на телефон 02-530 0898 и 078-394-829 или на следниот линк https://booking.biotek.lis.mk/login
- Резултатите ќе бидат готови истиот ден и за нив пациентот ќе биде телефонски известен и по пат на е- маил. Резултатите можат да се преземат и на нашиот сајт.
Нашиот тим од обучени лаборанти го земаат примерокот од пациентот додека тој е во автомобилот со кој допатувал со цел да се намали контактот и да се минимализира ризикот од пренесување. Резултатите од ова тестирање освен податоци за присуство или отсуство на Covid-19, содржат и дополнителни податоци за детекција на други видови корона вируси причинители на респираторни заболувања.
За повеќе информации јавете се на 02-5300898 ; 02-5300766; 078-394-829.
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе