Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

PHI (PROSTATE HEALTH INDEX)

2021-09-22
PHI (PROSTATE HEALTH INDEX)

Месец на подигнување на свеста за карцином на простата. 🔴

PHI (PROSTATE HEALTH INDEX)
Прв револуционерен тест за детекција на канцер на простатата
Ракот на простата е малигнитет на една од најголемите машки полови жлезди, а во последниве години е најчесто дијагностицирано малигно заболување кај повозрасните мажи. Бројот на заболени во Македонија е во пораст, додека свеста за навремени прегледи е многу мала. Годишно од болеста, која е на второ место по смртност кај мажите заболуваат околу 70, а дури 90% се откриваат во доцна фаза кога потполно излекување е речиси невозможно.

🔴 ЗА КОИ ПАЦИЕНТИ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ОВОЈ ТЕСТ?
Тестот се однесува за повозрасната машка популација засегната од овој проблем, пред се за оние кои имаат покачени вредности на PSA ( туморски маркер за простата), кој мажите над 40-45 годишна возраст треба да го прават најмалку еднаш годишно, мажи кои имаат медицинска историја со канцер и ризик фактори и пациенти кои се оперирани за следење на состојбата.

🔴 ЗОШТО Е ВАЖЕН ТЕСТОТ, КОЈА Е НЕГОВАТА ЦЕЛ?
Ова е единствен тест кој се работи во крв, за разлика од биопсијата која е инванзивна метода и може да предизвика несакани компликации.

ТЕСТОТ Е ВОДИЧ ВО ОДЛУКАТА НА УРОЛОГОТ ЗА ПОНАТАМОШЕН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТОТ. ВО ЗАВИСНОСТ ОД РЕЗУЛТАТОТ НА PHI, БИОПСИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗБЕГНАТА ИЛИ НЕПОТРЕБНА.

🔴 КАДЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗРАБОТЕН ОВОЈ ТЕСТ?
Тестот се работи ЕДИНСТВЕНО ВО ЛАБОРАТОРИИТЕ НА БИОТЕК!
Пациентите може да дојдат директно во лабораториите, да закажат термин телефонски или на веб страната, а постои и можност за земање материјал во домашни услови.

PHI e тест кој е одобрен и признат од Светска Здравствена Организација, воведен во протоколите и водичите за уролошки испитувања.
Овој тест е прифатен насекаде во светот !

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!

Датум на објава: 2021-09-22
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2021