Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Интолеранција на храна

2021-09-22
Интолеранција на храна

Интолеранција на храна се симптоми предизвикани од реакција против некои субстанци присутни во храната. Кај луѓето кои страдаат од интолеранција на храна, некои физиопатолошки состојби го попречуваат целосното варење на храната. Овие макромолекули влегуваат во циркуларниот систем, се движат низ телото и се таложат во неколку органи и ткива, предизвикувајќи воспаленија и нарушувања.
Интолеранциите на храна често предизвикуваат и некои заболувања, како последица од неспособноста на организмот целосно да свари одреден тип на храна. Оваа храна е само делумно сварена, разградена е на макромолекули кои не се корисни, ниту за енергија, ниту за раст на клетките. Како последица на тоа макромолекулите се таложат на ѕидот од цревата, предизвикувајќи воспаление. Работата на цревата е оштетена, со ризик да се опфатат и други органи. Ова е еден вид на бавно и постепено труење, со појава на неколку симптоми: проблеми со цревата, гастритис, задржување на вода, замор, главоболки, дермални реакции, миалгија, болки во зглобовите, проблеми со тежината, преголема или премала телесна тежина, абдоминални болки, запек, дијареа, заболување на дванаесетпалачното црево, гасови и стомачни грчеви, зголемена телесна тежина,чувство на гадење, акни.
Интолеранција може да предизвикаат и адитиви, бои, конзерванси и обични соли кои се додаваат за да се изменат органолептичните карактеристики на храната или да се продолжи рокот на траење на истата.
Дознај повеќе 👉 https://bit.ly/2sEsDIq
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!

 

Датум на објава: 2021-09-22
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2021