Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Што се тоа антитела и кога се појавуваат

2021-08-17

 

ДАЛИ  ПРЕЛЕЖАВТЕ КОВИД-19 ?

ДАЛИ СЕ ВАКЦИНИРАВТЕ ?

 

Постојано слушате дека треба да направите антитела.

 Што се тоа антитела и кога се појавуваат?

  Покрај PCR тестирањето за присуство на вирусот Covid-19 кај пациентот,  потребно е испитување на специфични имуноглобулини односно антитела,кои се дел од имунолошки одбранбен механизам кај човекоти претставува единствен начин да се провери дали пациентот бил во контакт со вирусотили ако не прележал дали вакцината е успешна, односно се створиле антитела. Се испитуваатспецифичните имуноглобулини: IgM  кои се појавуваат како први антитела,најчесто десеттина дена по појава на симптоми или не, и  специфични имуноглобулини или IgGантителата, кои се создаваатпо петнаесетиот ден од контактот со вирусот.

 

·        SARS COV 2 IgM антитела  покажуваатмоментално присуство на инфекција на пациентот со Covid-19 исе појавуваат во првата фаза по контакт со вирусот, без оглед дали имате или немате симптоми.

·        SARS COV 2 IgG антитела се создаваатво фаза на оздравување и создавање долготраен имунитет на пациентот по контакт со вирусот или по примање на вакцина.

 

БИОТЕК Лабораторија ги изработува овие анализи со најнов квантитативентест од реномираниот Француски производител и лидер во лабораториската дијагностика Biomerieux.Тестот се карактеризира со аналитичка сензитивност и специфичност согласно интернационалниот стандарт (IS) на Светската Здравствена Организација.

Со овој тест се утврдуваат IgG неутрализирачките антитела на рецепторот (RBD) на Spike1 протеинот од вирусот Covid 19,со што се следи вистинскиот имунолошки одговор кај пациентите кои прележале Covid 19 и кај оние кои се вакцинирани вклучувајки ги вакцините од сите Светски производители.

 

 

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!

Датум на објава: 2021-08-17
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2024