Новини во Биотек Лабораторија
Почитувани пациенти,
Со огромно задоволство би сакале да ве известиме дека Биотек лабораторија, инвестираше во најсовремена апартура во светот за автоматизирана микрокробиологија, со што стана прва микробиолошка лабораторија во нашата земја која ги поседува двата најсофистицирани дијагностички системи: VITEK MS (MALDI-TOF) и Vitek 2 Compact, произведени од BioMerieux, Francija, светски лидер на поле на дијагностика.
Апаратите се наменети за одредување на идентификација на микроорганизми и прецизно одредување на антимикробна осетливост со одредување на минимална инхибиторна концентрација следејќи ги најновите стандарди во светот. Целосната автоматизација базирана на најнова и најнапредна технологија, допринесува за подобри резултати во лечењето на пациентот, брзо добивање на прецизна терапија и точна терапија намалување на непотребна употреба на антибиотици, одредување на точната концентрација на антибиотик според точно одреден микроорганизам, одредување на вродена и стечена резистенција кај пациентот, со што се намалуваат и трошоците за лечење како и брз повраток на здравствената состојба на пациентот.
VITEK MS (MALDI-TOF) претставува потполно автоматизиран систем за идентификација на бактерии, квасци, мувли и микобактерии базиран на MALDI-TOF технологија (matrix-assisted laser desorption ionization-time of flight mass spectometry), масена спектрометрија кој е дизајниран да обезбеди брзи, точни и сигурни разултати, со скрининг на протеини директно од недопрени клетки на микроорганизмите за само 2 минути.
VITEK MS системот е супериорен во однос на сите постоечки системи кој покрај својата MALDI-TOF технологија поседува поседува и software Myla, најсупериорен, сертифициран, клинички микробиолошки софтвер. Истиот ги има најновите податоци за сите видови микроорганизми на светско ниво, база за IVD од најмалку 2000 видови на микроорганизми со повеќе од 45000 спектри и робусна валидација со употреба на напреден класификатор на спектри за сигурна идентификација, детекција на мешани инфекции користејќи СуперСпектра алгоритми, типизација на соеви, анализа на протеинска експресија, детекција на бактериски токсини.
Системот поседува можност за анализање на 192 примероци во еден циклус на отчитување и целосна идентификација на микроорганизмите за само 2-3 минути.
Благодарение на својата напредна технологија VITEK MS системот му помага на докторот во дијагностицирање на микробни инфекции брзо, што овозможува да се намали времето за ефективно лекување на пациентот како и непотребно, превентивно давање на антибиотик.
VITEK 2 Compact е вториот апарат од BioMerieux Francija, претставува автоматизирана и стандардизиран систем кој обезбедува брза, сигурна и точна фенотипска детекција на бактерии и габи, како и прецизно одредување на антимикробна осетливост на присутниот микроорганизам кон повеќе од 50 антибиотици со одредување на минимална инхибиторна концентрација, со која се одредува минималната количина на антибиотик потребна за уништување на истиот, за 4-12 часа.
Биотек лабораторија со оваа инвестиција од 21 милион денари, со кадровско решение од три микробиолози, од кои се два професори по микробиологија , стана најнапредна и најголема микробиолошка лабораторија во државата.
Со новите лаборатории, во Горче Петров и проширување на Кисела Вода, со персонал од 110 вработени, стана најголема приватна лабораторија во Македонија.
Истотака е прва приватна лабораторија со дежурство на сите дејности на локација Васил Горгов бр 12.
Заедно со потпишување на договор со ФЗО, од овој месец ке биде прва приватна микробиолошка и молекуларна лабораторија која анализите на брис од грло и нос, уринокултура и молекуларен тест за Chlamydia , ќе ги понуди на своите пациенти со партиципација и упат од доктор.
Од мое лично име и од името на нашиот персонал ви посакувам добро здравје и задоволство во користење на нашите услуги.
Со искрена почит,
Анкица Синадинова Базерко
Генерален Директор.
- Genesis/Genesis Plus - Пренатален скрининг
- Алергиски заболувања во детска возраст
- AVRI е високоспецифичен молекуларен тест за детекција на SARS CoV-2 и 15 други најчести вирусни предизвикувачи на акутни респираторни инфекции
- Алергиски пакет
- Домашна посета
- Алергиски панели
- ФЛУРОНА, КЛАСИЧЕН КОВИД ИЛИ ДРУГА ВИРУСНА РЕСПИРАТОРНА ИНФЕКЦИЈА?
- 🔴Интолеранцијата на храна 🔴
- БИОТЕК лабораторија воведува нови три пакети за следење на Covid и post Covid позитивни пациенти.
- Benetech PRA – тест за пренатален скрининг
- Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија
- Интолеранцијата на храна
- COVID 19 сертификат за патување по европски стандарди
- COVID 19 или друга вирусна респираторна ифекција ? 🔴 ОТКРИЈТЕ САМО СО ЕДЕН ТЕСТ
- Известување
- ALLEISA SCREEN - Алерго тест
- Маркери за анемија
- Fetal Gender – идеално решение за сите бремени жени
- ANDROFLOR молекуларен тест за квантитативна детекција на урогенитална на микрофлора и сексуално преносливи патогени кај мажи
- Подигнување на свеста за грижата на машкото здравје!
- PCR SARS CoV 2 тест, ГРАТИС PCR Influenza A и PCR Influenza B
- FEMOFLOR молекуларен тест за дисбиоза и сексуално преносливи патогени кај жени
- ANDROFLOR молекуларен тест за квантитативна детекција на урогенитална на микрофлора и сексуално преносливи патогени кај мажи
- Интолеранција на лактоза и фруктоза
- Како до дијагноза дали е стомачен вирус или бактерија во истиот ден?
- КОЈА БАКТЕРИЈА Е ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА ВАШАТА ИНФЕКЦИЈА?
- Алергиски панели
- Интолеранција на храна
- КАРДИЈАЛEН ПАКЕТ
- PHI (PROSTATE HEALTH INDEX)
- Испитување за Пролактин
- ДЕТЕКЦИЈА НА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ЗАБОЛУВАЊА СО MULTIPLEX REAL TIME PCR
- Тест за интолеранција на лактоза и фруктоза со PCR (DNA strip technology)
- Што се тоа антитела и кога се појавуваат
- Benetech PRA – тест за пренатален скрининг во прв и втор триместар
- UMC комплекс со Multiplex Real Time PCR
- Ново во Биотек Лабораторија
- Биотек Лабораторија и CommonPass
- Проблеми со кожата во летниот период?
- Молекуларен тест за детекција, генотипизација и квантификација на 21 високо и ниско ризични типови на HPV (Human Papilloma virus) QUANT 21 со Multipex Real Time PCR метод
- Новини во Биотек Лабораторија
- Интолеранцијата на лактоза
- Тироидни хормони
- БЕСПЛАТНИ PCR тестирања за лекување во странство
- Витамин Д
- VDR рецепторот за витамин Д
- Биотек Лабораторија со нова локација во Ѓорче Петров
- Новитет во Биотек Лабораторија
- НОВИТЕТ ВО БИОТЕК COVID-19 ЦЕНТАРОТ
- Биотек Лабораторија започна со испитување на CORONA COVID-19 вирусот
- КАКО БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА СЕ СПРАВУВА СО КОРОНА ВИРУСОТ
- Биотек Лаборатории склучи договор со ФЗОРСМ
- Новогодишна донација на BIOTEK Solutions и BIOTEK лабораториите
- ПОБЛИСКУ ДО ВАС - Биотек Лабораторија со втора локација во Кисела Вода - Расадник
- VeinViewer Flex
- Програма за лојалност
- Др. Марија Пасху: БИОТЕК Лабораторија воведува нови стандарди во работењето