Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА АСОЦИРАНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ЈА СЛЕДИТЕ ВАШАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

2020-11-10
ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА АСОЦИРАНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ЈА СЛЕДИТЕ ВАШАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

 
   Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се манифестираат од обична настинка до потешки заболувања како што се Блискоисточен респираторен синдром ( MERS-CoV) и тежок акутеn респираторен синдром (SARS-Cov). Актуелниот коронавирус е нов вид , кој претходно не бил идентификуван кај луѓето. Постојат четири главни подгрупи на коронавируси од кои најчесто заболува човечката популација, но понекогаш, анималните коронавируси (присутни кај животните) можат да еволуираат и да ја прескокнат бариерата животно-човек, односно да се пренесат на луѓето, како што е и новиот Коронавирус 2019 ( nCoV).
Најновите испитувања за промените кај заболените од COVID-19 реферираат за низа биохемиски отстапувања кои се докажуваат со лабораториски анализи.
Многу научници од светот кои ги испитуваа биохемиските промени при ова тешко заболување, сугерираат контрола на биохемиските параметри кај :
- Популацијата со симптоми на грип и настинка, (за ослободување од стравот од вирусот)
- Особено контрола на оние кои го поминале COVID-19, болест која напаѓа витални органи, со цел навремено лечење на последиците.
*ПАКЕТИТЕ СЕ СО ВАЖНОСТ ДО 30.11.2020
Пакетот 1 опфаќа :
• КРВНА СЛИКА - намалување на бројот на леукоцити, особено на групата лимфоцити
• ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ, особено битни кај гојазните особи затоа што масното ткиво е таргет за Корона вирусот
• УРЕА И КРЕАТИНИН – за бубрежната функција
• ЖЕЛЕЗО - се намалува кај сите инфекции
• CRP - тест за откривање на акутно воспаление, органски заболувања, тромбоза, процена на напредувањето на болеста и на ефикасноста на терапијата.
• LDH – ензим присутен во повеќе органи, се покачува во состојби на хипоксија (недостаток на кислород).
• D-димери - се користи кога е потребно да се исклучи присуство на тромб при различни пореметувања, како што е белодробната емболија. D- димерите се користат и за проценка на повторно формирање на тромб
 
Пакетот 2 опфаќа :
• Пакет 1 (сите параметри)
• Пакет антитела IgM и IgG
Присуството на антитела против некој патоген ( вирусот COVID-19) во крвта покажува дека личноста била изложена на истиот. Се мерат вредностите на антителата имуноглобулин М (IgM) и имуноглобулин Г (IgG).
-IgM се ствара во големи количини набрзо по изложување на вирусот, а потоа неговата синтеза брзо се намалува.
-IgG се ствара и на првата изложеност, но не толку брзо како IgM. По следните контакти со вирусот произведените антитела првенствено се од групата IgG и тие остануваат во крвта подолг временски период.
Ова влијае на толкувањето на резултатите : позитивен резултат за IgM сугерира дека некое лице е моментално или неодамна заразено, додека позитивен резултат за IgG и негативен резултат за IgM значи дека лицето може да било заразено во минатото.
Конкретно за COVID-19, со овие тестови се откриваат лица кои биле изложени и развиле антитела против вирусот, а кај кои болеста поминала во лесна форма или без симптоми.
 
Пакетот 3 опфаќа :
• Пакет 1 (сите параметри)
• АLP (Алкална фосфатаза)- ензими коj се покачува заради оштетување на црниот дроб
• ФЕРИТИН - реален показател на резервите на железо и потребата од терапија, со оглед дека серумското железо во крвта е присутно во мали количини
• CK (Креатин Киназа)- Покачени вредности при инфекции, оштетување на срцев мускул, болести на штитна жлезда.
 
 
Прим. др.Марија Пасху
спец. по Мед.биохемија
 
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Датум на објава: 2020-11-10
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2021