Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Биотек Лаборатории склучи договор со ФЗОРСМ

2020-03-12
Биотек Лаборатории склучи договор со ФЗОРСМ

  

Почитувани корисници на услугите на Биотек Лабораторија,

Ве известуваме дека ПЗУ Биотек Лабораторија, Скопје склучи договор со ФЗОРСМ за изработка на лабораториски анализи опфатени со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а и ЛУ1- б.

Согласно Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување (сл. Весник 200/2018 година) за лабораториски испитувања по упат од избран лекар пациентите со издаден упат од матичен лекар ќе можат да направат фондовски биохемиски анализи на следните три локации

ПЗУ Биотек Лабораторија ул. Васил Ѓоргов бр. 12, Центар, Скопје, ПЗУ Биотек Лабораторија ул. Аминта Трети бр 44, Центар, Скопје и ПЗУ Биотек Лабораторија ул. Христо Татарчев бр. 43Б, Кисела Вода, Скопје

 

 

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а

ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС

- Седиментација на еритроцити

- Крвна слика со диференцијална крвна слика

УРИНАРЕН СТАТУС со седимент

ГЛУЦИДЕН СТАТУС

-глукоза во серум (гликемија)

ЛИПИДЕН СТАТУС

-вкупен холестерол

- триглицериди

ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ

- уреа во серум

- креатинин во серум

ЕНЗИМСКИ СТАТУС

-AST аспартат аминотрансфераза

- ALT Аланин аминотрансфераза

ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум

- железо (Fe)

Тест за бременостß HCG во серум

 

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б

ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ

ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.

ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)

СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)

 

Напомена: Упатот ЛУ1-б го издава избран лекар од дејноста општа медицина

 

За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не.

 

Датум на објава: 2020-03-12
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2021