Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Зошто тиквата претставува кралица на есента и студените денови?

2017-12-12
Зошто тиквата претставува кралица на есента и студените денови?

 

Зошто тиквата претставува кралица на есента и студените денови?

  Тиквата е растение кое потекнува од Централна Америка и воедно претставувасиноним на здрава храна со богати хранливи вредности кои може да се конзумираат во студените денови.Според нејзината хранливост, тиквата може да ја категоризираме како растение кое има водечка улога,богата со витамини А, Б, С, Е, калиумови соли, каротен, шеќери, протеини, аминокиселини, железо, омега 3 масни киселини...

Тиквата може да се конзумира варена или печена. Немојте да ги фрлате семките, бидејќи тие се извор на протеини, аминокиселини, омега 3 масни киселини кои се одлични за имунитетот и го чуваат срцето.

Бенефитите од конзумирање на тиквата се бројни:

-          За поубава кожа– тиквата е полна со антиоксиданси, каротен, витамини и е идеална за совршено лице и кожа. Можете да ја искористите и како маска за лице, бидејќи ја чисти кожата од акни и ја заштитува од студените зимски денови.

-          Го подобрува имунитетот– богатиот состав на тиквата го подобрува имунитетот, внесувајќи минерали, железо, калциум, калиум, како и бројни витамини.

-          За совршена витка линија– во 100 грама тиква, калориската вредност изнесува само 28 калории. Можете да јадете слободно, и притоа да не се грижите за калориите. Семките од тиква се полни со протеини и аминокиселини, така што можете да ги искористите и како ужина, без да чувствувате грижа.

-          За хидратација на кожата и телото– тиквата содржи 90% вода и е одлична за хидратација. Исто така може да помогне и при проблеми со мочни патишта.

-          За здраво срце– богатиот извор на аминокиселини, омега 3 масни киселини, витамините Ц и Е, фосфор, калциум и калиум помага во борбата против срцевите заболувања.

Препорака од нашите доктори: Грижете се за вашето тело, јадете здраво и редовно проверувајте го вашето здравје, превенирајте на време! 

 

 

Датум на објава: 2017-12-12
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2023