Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  
Анализи / Молекуларно - Генетска Лабораторија / Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија
Micro - I Dent plus 11 - Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија со HAIN Fluorotype PCR

Клиничко значење:

Периодонтитис и пери-имплантитис се инфективни болести кои се предизвикани од одредена група периодонтопатогени бактерии. Овие специфични бактерии, активно го уништуваат пародонтот, како и мекото и коскеното ткиво и на овој начин доведуваат до масовен инфламаторен одговор, кој на крајот предизвикува губење на природните заби и имплантите. За успешно, долгорочно решение од суштинско значење е прецизно одредување на бактериите кои го предизвикуваат заболувањето. Мicro-Ident® plus 1 обезбедува точни информации за застапеноста на 11 периодонтопатогени бактериски видови, како и за составот на „бактерискиот комплекс“. Резултатите кои се добиваат од овој тест, се идеална основа за индивидуално планирање на третманот. Оваа молекуларна ДНК анализа овозможува прецизна селекција на анти-биотици, поставување на прогноза за повторување на заболувањето, како и следење на успешноста на третманот. Откако ќе ги откриете предностите на оваа современата дијагностика, ќе бидете изненадени колку едноставно и ефикасно можете да имате успешни третмани.

Клинички тестиран, научно признат и докажан во стоматологијата! Во научна студија спроведена на Универзитетот во Берн, Швајцарија, Мicro-Ident® plus 1 е оценет како најдобар молекуларен тест за индивидуална дијагноза, планирање на третман и мониторинг на пациентите со парадентопатија. Исто така, студии на Институтот Forsyth во Бостон докажаа дека Мicro-Ident® plus 1 ДНК тестот со сигурност одредува кои пациенти се здрави, а кои имаат парадентопатија.

ДНК тест за одредување на 11 периодонтопатогени
бактерии со micro-Ident® plus 11

Квантитативна, високо специфична и чувствителна молекуларна анализа на маркери за
утврдување на присуството на периодонто-патогени бактерии, оптимизирање на
тераписка стратегија и намалување на ризикот од повторување на болеста
Изборот на соодветен спектар на антибиотска терапија обезбедува висока стапка на успех
Редовните контроли обезбедуваат успешност на терапијата
Рано препознавање на болеста и спречување на релапс
Проценка на ризик при скапи реставрации и безбедно поставување на успешен имплант
micro-Ident®
Кај парадонтален џеб со длабочина > 4mm (и покрај оптималната орална хигиена)
Кај рефракторни и пациенти отпорни на терапија при парадентопатија
Акутна парадентопатија, со брзо и прогресивно ширење
При планирање на импланти
При пери-имплантит
Регенеративна орална терапија
micro-Ident® plus 11 за докажување на присуство на 11 парадонто-патогени бактерии

Aggregatibacter actinomycetemcomitans (Aa), Porphyromonas gingivalis (Pg), Prevotella intermedia (Pi), Tannerella forsythia (Tf),
Treponema denticola (Td), Parvimonas micra (Pm), Fusobacterium nucleatum/periodonticum (Fn), Campylobacter rectus (Cr),
Eubacterium nodatum (En), Eikenella corrodens (Ec), Capnocytophaga spp. (Csp)

(субгингивален примерок)

 Забелешка:

Анализи
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2015