- Уреа
-
Клиничко значење:
Краен метаболен продукт од катаболизмот на протеините. Се отстранува од организмот преку бубрезите со иста брзина со која настанува, за да не дојде до натрупување во крвта и појава на уремија.
Концентрацијата на уреа се зголемува при бубрежни заболувања и затоа нејзиното одредување во серум и урина се користи за следење на фунцијата на бубрезите.