- Холестерол
-
Клиничко значење:
Холестеролот претставува основна информација за понатамошни лабораториски испитувања на метаболизмот на липопротеините (HDL, LDL и триглицеридите).
Тој е есенцијална компонента на мембраните на клетките и липопротеините, прекурзор за синтеза на стероидните хормони и жолчните киселини.
Зголемени вредности се јавуваат при хиперлипопротеинемии, наследни зголемувања на вредностите заради зголемено стварање или намалено разградување, при оштетувања на црниот дроб, тиреоидеата, кардиоваскуларни заболувања.