Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Шеќерна болест (Diabetes mellitus)

Diabetes mellitus е позната кај народот како шеќерна болест. Два најважни облици се дијабет тип I и дијабет тип II.
Повеќето од заболените од дијабет тип I се млади, и поради тоа станува збор за јувенилен дијабет. Дијабет тип II уште се нарекува старечки дијабет.

Зошто се јавува ?

Шеќерната болест се јавува заради дефицит на хормонот инсулин, или негова резистенција. Инсулинот има улога да ја внесе гликозата во клетките, каде таа е неопходна како извор на енергија.

При негов недостаток, клетките страдаат од недостаток на шеќер со што се пореметува метаболизмот на јаглените хидрати и мастите, гликозата останува во крвта во високи концентрации (хипергликемија), а се појавува и во урината ако вредноста во крвта премине над 10 mmol/L.

Дали сум во опасност да добијам шеќерна болест ?

Генетските предиспозиции и нездравиот начин на живот влијаат за настанување на болеста. Како главни фактори на ризик се дебелината и недоволна физичка активност. Мала тежина при раѓање (под 2,5kg) или премногу голема тежина (преку 4,0kg) ја зголемуваат склоноста кон дијабет.

Основни симптоми при појава на шеќерната болест, особено Тип 1 се: зголемен апетит (полифагија),губење на тежина, силно чувство на жед (полидипсија) и често обилно мокрење (полиурија).

Останатите ризик фактори кои го зголемуваат сомнежот се:

  • Зголемен обем на стомакот (мажи > 102 cm; жени > 88cm)
  • Висок крвен притисок
  • Пореметување во размената на мастите (зголмени масти во крвта)
  • Намалена физичка активност
  • Генетски предиспозиции (дијабетичари во семејството)
  • Никотин (пушачи)
  • Замор
  • Освен тоа зголемен глад, потење, главоболка, пореметување на видот, пореметена концентрација

Како шеќерите стигнуваат до клетките ?

За да стигнат шеќерите до клетките потребен е хормонот инсулин. Кај здравите луѓе се произведува во доволни количини во панкреасот.

Кај дијабетичарите со тип II постои пореметување на делувањето на инсулинот. Во почетната фаза од болеста, вредноста на шеќерите во крвта се сеуште нормални во споредба со покаченото производство на инсулин. Во одреден временски период состојбата на организмот е добра се до моментот кога Лангерхансовите островца се исцрпени (акумулација на клетките во панкреасот). Тоа значи дека пациентот има потреба од инсулин.

Нормални вредности на шеќерот во крвта и редовна контрола.

Целта на лекувањето е да се нормализира концентрацијата на шеќерот во крвта. Затоа е потребно редовно контролирање на шеќерот во крвта. Како резултат на тоа секој дијабетичар мора да научи сам да ја мери концентрацијата на шеќерот.

Зошто е тоа важно?

За да се одржува шеќерот во нормални граници, инаку би дошло до компликации и страдање на витални фукции во организмот. Шеќерот во крвта се одредува на гладно и по оброк.

Каква анализа е гликозилиран хемоглобин ( HbA1c) и зошто е битна ?

Гликозилиран хемоглобин (HbA1c) е форма на хемоглобин кој се врзува со гликозата.HbA1c служи како маркер за одредување на просечното ниво на гликозата во крвта во текот на претходните 3 месеци (животен век на црвените крвни клетки).

Одредувањето на HbA1c се препорачува да се направи најмалку два пати годишно кај пациенти кои имаат регулирана гликемија, додека кај пациенти со покачени вредности на гликоза (дијабетичари), на секои 3 месеци. Тоа значи дека колку е пониска вредноста на HbA1c толку е помал ризикот за последични заболувања. Дијабетесот доведува до заболувања на други органи и ткива.

Како што споменавме, ако покачениот шеќер во првите години не предизвикува никакви симтоми, сепак ги оштетува вашите ткива, особено крвните садови. Како дијабетичар подложни сте на следниве заболувања:

  • Срцев инфаркт и мозочен удар
  • Ограничена функција на бубрезите
  • Оштетување на мрежницата на окото
  • Оштетени нерви
  • Проблеми со потенција
  • Дијабетско стапало

Во ран стадиум вредноста на шеќерот може релативно лесно да се нормализира со промена на начинот на живот, како што е намалена тежина, 30 минути дневно движење, прекин на пушењето, лекување на високиот крвен притисок и високите вредности на масти во крвта.

Дали знаевте дека...

  • Еден дијабетичар доживува срцев инфаркт на секој 15 мин.
  • На секој 20 мин. на еден дијабетичар му се ампутира еден дел од прст или стопало
  • На секој 90 мин. еден дијабетичар ослепува

КАКО ДА ЈА ПРЕВЕНИРАМЕ И КОНТРОЛИРАМЕ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ ?

Да се проверува шеќерот редовно, особено лицата во постара возраст, гојазните и оние кои имаат  фамилијарна историја на болеста.

Лицата со променливо ниво на шеќер и оние со веќе поставена дијагноза за шеќерна болест.

Да се направат следните тестови:

1. Орален тест за толеранција на глукоза (OGTT)

2. Гликозилиран хемоглобин (HbA1c)

ОВИЕ ТЕСТОВИ СЕ РАБОТАТ ВО БИОТЕК Лабораторија !!!

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2017