Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Интолеранција на храна

Интолеранција на храна

Интолеранција на храна се симптоми предизвикани од реакција против некои субстанци присутни во храната. Кај луѓето кои страдаат од интолеранција на храна, некои  физиопатолошки состојби го попречуваат целосното варење на храната. Овие макромолекули влегуваат во циркуларниот систем, се движат низ телото и се таложат во неколку органи и ткива, предизвикувајќи воспаленија и нарушувања.
Интолеранциите на храна често предизвикуваат и некои заболувања, како последица од неспособноста на организмот целосно да свари одреден тип на храна. Оваа храна е само делумно сварена, разградена е на макромолекули кои не се корисни, ниту за енергија, ниту за раст на клетките. Како последица на тоа макромолекулите се таложат на ѕидот од цревата, предизвикувајќи воспаление. Работата на цревата е оштетена, со ризик да се опфатат и други органи. Ова е еден вид на бавно и постепено труење, со појава на неколку симптоми: проблеми со цревата, гастритис, задржување на вода, замор, главоболки, дермални реакции, миалгија, болки во зглобовите, проблеми со тежината, преголема или премала телесна тежина, абдоминални болки, запек, дијареа, заболување на дванаесетпалачното црево, гасови и стомачни грчеви, зголемена телесна тежина,чувство на гадење,акни.
Интолеранција може да предизвикаат  и адитиви, бои, конзерванси и обични соли кои се додаваат за да се изменат органолептичните карактеристики на храната или да се продолжи рокот на траење на истата.
Примерок - Крв


Глутен


Целијакија е болест на тенките црева. Таа е најчесто предизвиканa од алергија на глутен кој може да се најде во брашно, зрна од јачмен, 'рж и други житни култури.
Симптомите се: дијареа, губење на тежината, болки, абдоминални грчеви, астенија, итн.
Ако алергични луѓе јадат глутен, тоа доведува до воспаление, затоа нашиот имун систем започнува да произведува антитела.
Како факт, со цел да се потврди присуството на болеста, тестот го детектира присуството на  антитела: аниглиадин, трансглутаминаза (h-tTG) и ани-ендомизио(EMA-IgG-Ендомизиални антитела).
Ова е лесен, сигурен, неинвазивен метод за дијагностицирање на болеста.
Примерок - Крв
 

Молекуларно генетска детекција на интолеранција на  лактоза   и фруктоза


Тестот се базира на молекуларно генетска детекција директно преку крв  со метод на PCR strip технологија.
Докажано е дека 75% од возрасната популација во светот е зафатена од наследна примарна интолеранција на лактоза. Овој тип на интолеранција на лактоза е најчеста форма за интолeренција на храна. При самата разградба на храната во организмот ензимот кој треба да делува за разградба на лактоза не делува и затоа лактозата која што се наоѓа во храната е сеуште присутна во својата примарна градба т.е структура. Со тек на годината ензимот на лактоза опаѓа значително и интолеранцијата кон лактоза е почеста. Симптомите за интолеранција на лактоза вклучуваат абдоминална болка и дијареа.
Анализирањето на интолеранција на лактоза е можно само преку детекција на C/T – 13910 полиморфизмите преку DNA strip технологија. Исто така во истиот процедуален чекор се идентифицираат и трите најчести мутации кои доведуваат до наследна интолеранција на фруктоза. - КрвСо фрекфенција од 1:20,000 во Европа, наследната интолеранција на фруктоза (HFI) е почеста форма на интолеранција на храна. Три почести мутации ( A149P, A174D и N334K) во алдолаза Б генот сочинуваат приближно 85% од сите HFI случаи во Европа. Овие мутации водат до акумулација на фруктоза – 1 – фосфат се додека не се намали ензимската активност на алдолаза Б во генот. Интолеранцијата на фруктоза има фатални последици кон пациентот.

Vо 75% од случаите интолеранцијата на лактоза предизвикува интолеранција и на фруктоза-затоа е неопходно да се изработат двата теста.
Симптомите вклучуваат:
•    абдоминални болки,
•    хипогликемија  
•    бубрежни нарушувања
•    Дијареа
•    Треска

Примерок - Крв

 

Интолеранцијата на храна опфаќа 7 различни тестирања:

1.Food Intolerance test 45 антигени во храна

2.Food Intolerance test 90 антигени во храна

3.Food Intolerance test 120 антигени во храна

4.Food Intolerance test 15 адитиви во храна

5.Глутен (Целијакија)

6.Интолеранција на Лактоза PCR Тест

7.Интолеранција на Лактоза/Фруктоза PCR Тест

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018