Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Витамин D

Зошто секој треба да направи тест за Витамин D?

Не секој тест за Витамин D ја покажува реалната слика.
Пред да се тестирате, проверете каков тест Ви се изработува; дали се детектира активна форма на Витамин D (калцитрол)?

Во БИОТЕК Лабораторија сте ситурни, најнова генерација на реагенсите изработени на најсовремена апаратура.
VIDAS® 25 OH Vitamin D TOTAL има најголема компаративна студија за точен резултат за циркулирачки Витамин D.

Витаминот D е растворливи во масти. Недостаток на Витамин D се јавува кај деца со рахитис и остеопороза и секундарен хупер-паратироидизам кај возрасни. Неодамнешните студии воспоставија врска помеѓу ниските циркулирачки нивоа на Витамин D и зголемувањето на ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и разни видови на карциноми. Вредноста на Витамин D дава слика за општата здравствена состојба. 

Витаминот D се наоѓа главно во две форми: Витамин D2 (ергокалциферол) и Витамин D3 (холекалциферол).
Витамин D3се синтетизира од 7-дехидрохолестерол со влијание на соларни ултравиолетови зрачења на кожата. Исто така, присутен е во храната (најчесто во масна риба).
Витамин D2 е само од егзогено потекло. Мали количини на Витамин D2 се присутни во храната (печурки, зеленчук).
Двете форми Витамини D2 и D3 се користат како суплементи (додатоци) кои се метаболизираат во човековиот организам.

Активната форма на молекулата е 1,25-(OH)2 Витамин D (калцитриол), која се добива од Витамин D преку две последователни реакции на хидроксилација.
Првата последователна реакција на хидроксилација се одвива во црниот дроб и се добива 25-(OH) Витамин D (калцидиол).

Втората последователна реакција се одвива во бубрезите и другите ткива, со цел да се добие биолошки активната форма 1,25-(OH)2 Витамин D.

25-(OH) Витамин е главната форма на Витамин D.

Се наоѓа во висока концентрација во серумот или плазмата, што го прави истиот најбитен аналит за одредување на нутритивниот статус на Витамин D во организмот. 

 

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2017