Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
BTA (Bladder tumor - asociran antigen)

Знаци и симптоми на рак на мочен меур
-Крв во урина
  Во повекето случаи појавата на безболна хематурија(крв во урина)е првиот и најчест знак за рак на мочен меур. Понекогаш количеството на крв  е доволно за да доведе до промена на бојата на урината од портокалова,розева до темно црвена,но некогаш бојата  може да биде нормална ,а мали количества на крв  сепак да се најдат во урината покрај другите лабораториски испитувања. Појавата на крв во урина не секогаш значи дека имате рак на мочен меур, многу почесто тоа е последица на уринарни инфекции,бенигни тумори,камчиња во бубрег или мочен меур или други бенигни заболувања на бубрезите, затоа е многу важно да се изработи овој тест при најмала промена на бојата на урината.
-Останати симптоми
-почесто уринирање
-болка и печење при уринирање
-потреба за уринирање дури и кога мочниот меур е празен
-проблеми при уринирање или слаб млаз
Во напреднат стадиум може да се очекуваат и следниве симптоми:
-неможност за мокрење
-умерени болки во долниот дел од грбот најчесто еднострано
-губење на апетитот и намалување на тежината
-отекување на стапалата
-болки во коските
  Голем дел од овие симптоми може да укажуваат на постоење на помалку сериозна болест на уринарниот  тракт или простатата кај мажите ,па затоа неопходни се и дополнителни испитувања за поставување на точна дијагноза.

Зошто да одберете BTA (Bladder tumor - asociran antigen)-Тест за детекција на туморски клетки од рак на мочен меур
•    BTA е специфичен протеин кој се ослободува при репродукција на малигните клетки од ракот на мочниот меур.
•    Присуството на  BTA во урината  често се поврзува со зголемен ризик од рак на мочен меур,негов рецидив но и потреба за понатамошни испитувања.
•    Студиите покажуваат дека комбинација на BTA тестот и  со уринарната цитологија значително ја зголемува сензитивноста за детекција на ран стадиум на рак на мочен меур.
•BTA е насовремен тест за детекција на ран стадиум на рак на мочен меур,посебно корисен при скрининг  на високоризична популација(пушачи,изложеност  на канцерогени хемикалии,одредени  професии како молери,фризери,вработени во индустија за бои,семејна историја  на карцином на мочен меур,хронична инфекција на уринарен тракт). Раното дијагностицирање е од суштинско значење бидејки прогнозата  директно зависи од стадиумот на болеста .Бидејки овој тумор често рецидивира неопходно е  мониторирање на веке постоечките пациенти.
•    Неинвазивен тест за кој се користи урина како примерок
•    99.9% сензитивен на протеинот BTA
•    НЕГАТИВЕН < 22.4  IU/ml •    ПОЗИТИВЕН > 22.4  IU/ml

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018