Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
ПРОКАЛЦИТОНИН (PCT)

 
 
 
 
Дали да пиете антибиотик или не ?
 
Дали антибиотикот што го пиете Ви делува или не ?
 
Единствен маркер кој Ви дава одговор на овие две прашања е ПРОКАЛЦИТОНИН (PCT)! 
 
 
 
 
 
Кај здрави луѓе концентрацијата на PCT во плазмата е под 0.05 ng/ml, но може да се зголеми и над 1000 ng/ml кај пациенти со тешка инфекција и септичен шок.
 
Покачено ниво на PCT е веќе следливо по 2-3 часа од почеток на бактериска инфекција и овозможува точен мониторинг на антибиотската терапија и следење на воспалителниот процес. 
Многу високи вредности се забележани за време на акутна болест условени со тешки системски инфламации.

Во рана фаза, бактериските инфекции и сепсата тешко можат да се разликуваат од 
не-бактериските вирусни инфекции или воспалителни процеси.
 
Како последица на тоа тешко е да се направи соодветна клиничка одлука за пациентот- дали да се третира со антибиотик или не!
 
Проценувањето на прогресијата на бактериската инфекција (акутен бронхитис, астма, пнеумониа) и времетраењето на антибиотската терапија е секогаш проблем.
Овој ран биомаркер кој е специфичен и покачен за време на бактериска инфекција и сепса, сега е препознатлив како најкорисна алатка во процесот на дијагноза, лекување и времетраењето на терапијата.
 
Од повеќето лабораториски параметри, PCT се покажа како најкорисен. 
PCT покажа најдобри резултати во разликувањето на пациентите со бактериска инфекција од оние со системска инфламаторна реакција од вирусна природа. 
Во однос на позитивно CRP при вирусна инфекција PCT ќе даде негативен резултат.
Секое покачено CRP не е индикација за антибактериска терапија.

                                                   
 
Добиениот негативен резултат од PCT ја исклучува  АНТИБИОТСКАТА ТЕРАПИЈА.
 
Пример за примена на PCT - најран биомаркер за бактериска инфекција во однос на другите:
2 годишно бебе со температура 39,5 °C во изминатите 8 саати
При прием:
  • Генерална слика - добра
  • CBC,WBC,CRP - нормални/зголемени
  • Стетоскопски преглед - нормален
  • Уриноанализа - нормална
  • Хемокултура на Bact Alert во изработка
  • Вредност PCT - 0.9 ng/ml
  • Лекарска третман:
  • Започната антибиотска терапија
  • По изминати 24 часа:
  • Резултат од хемокултура со присуство на St.pneumoniae
  • По изминати 5 дена со антибиотска терапија:
  • Вредност PCT - 0.1 ng/ml
 
Заклучок:
Овој случај ја покажува способноста на PCT да ја открие бактериемијата во многу рана фаза кога останатите слични биомаркери се сеуште со нормални вредности
 

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018