Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
АЛЕРГИСКИ ТЕСТОВИ

 

 

 

Алергијата е хиперсензитивно нарушување на имуниот систем. 

Алергиската реакција е брза, непредвидлива, може да биде и опасна по живот. 

Порастот на алергиите, посебно кај децата е значително зголемен на светско ниво!

Алергените се многубројни, насекаде околу нас!

Заштитете се Вие и Вашето дете, Вашето семејство, Вашите најблиски... 

 

 

Еднаш во животот не е доволно да се направите тест за алергии. Чуствителноста кон алергиите се менува во текот на животот, па така може до вашата 15 година да немате никаква алергија, а потоа да станете алергични на повеќе алергени од различни групи. 

Барем еднаш годишно направете алерго тест, за да бидете сигурни дали се работи за алергија или инфекција.

Сакате да го откриете вистинскиот причинител на вашата алергија?

 

AlleisaScreen е ВАШЕТО РЕШЕНИЕ !

 

Ви го претставуваме алергискиот тест од крв Alleisa Screen од светскиот лидер Mediwiss Analytic GmbH-Германија. 

Претставува високо иновативен, полуквантитативен нитроцелулозен чип систем за детерминација на алерген специфични IgE антитела во човечкиот серум со скенер системи со висока резолуција. 

Го користиме уникатното решение за 100% сигурен и точен резултат - CCD blocking solution (0% лажно позитивни резултати).

CCD blocking solution претставува раствор од три важни растителни гликопротеини: бромелаин (од ананас), пероксидаза (од рен, лут корен) и аскорбат оксидаза (од тиквици).

 

                                               

 

Зошто да одберете алерго тест преку крв?

1.   Брз и едноставен алергиски тест
2.   Безбеден пациент (нема никаков контакт со алергените)
3.   30 различни алергени со само еден примерок крв
4.   Сигурност во резултатот (точно го идентификува алергенот како и концентрацијата на специфичниот IgE од серумот на пациентот во UI/ml и го класифицира во класи).
5.   За разлика од кожното тестирање, овде не е важна состојба на кожа, болест или бременост.
6.   Терапијата која ја прима пациентот нема никаква интерференција со тестот и не треба да се прекинува.
7.   CCD blocking solution - 100% сигурен резултат (0% лажно позитивни резултати)

 

 

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018