Тел: +389 (0)2 3500 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 3500 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

ПРЕВЕНЦИЈА КАЈ ЖЕНСКИТЕ ЗАБОЛУВАЊА – ТУМОР МАРКЕРИТЕ ЗА ДОЈКА И ЈАЈНИЦИ

2020-06-22
ПРЕВЕНЦИЈА КАЈ ЖЕНСКИТЕ ЗАБОЛУВАЊА – ТУМОР МАРКЕРИТЕ ЗА ДОЈКА И ЈАЈНИЦИ

Тумор маркерите се супстанции кои се произведуваат од малигните и од здравите клетки во организмот, а служат за рана детекција или мониторинг на терапија кај малигните заболувања.
До денеска се откриени повеќе од 100 тумор маркери, но во лабораториската пракса се користат само 20-тина. Не постои идеален тумор маркер кој би ни дал прецизни податоци за видот на туморот (дали е малигнен или бенигнен) и стадиумот на болеста. Зголемени вредности на тумор маркери може да се појават и кај некои воспалителни процеси, кај кои вредноста на тумор маркерите се намалува по излекување. Но, при појава на малигнен тумор, нивната вредност не се намалува туку спротивно се зголемува сè додека болеста не се открие и спроведе соодветна терапија. Мерењето на концентрацијата на тумор маркерите секогаш се користи заедно со други дијагностички процедури.
Повеќето тумор маркери не се специфични само за еден вид карцином, туку еден тумор маркер може да има зголемени вредности кај повеќе видови карциноми.
Во групата на поспецифични маркери се CA 15-3, за дојка, едно од најчестите малигни заболувања кај жените и CA 125 за јајчниците.
Женската популација, особено ако постои фамилијарна анамнеза (појава на малигнен тумор на некој oд овие органи), би требала да прави почести контроли на следните тумор маркерите, со цел рано откривање и навремено лечење, а исто така и психичко ослободување од стравот од малигном.
CA 15-3 е тумор маркер карактеристичен за дојката. Зголемени вредности на овој маркер укажуваат на бенигнен или малигнен тумор на дојките. Но, секој тумор на градите не ги зголемува вредностите на CA 15-3, ако е во почетен стадиум. Само 30% од пациентките со локализиран тумор и 50 до 90 % од пациентките со метастазиран карцином на дојката имаат зголемени вредности на CA 15-3.
CA 125 е тумор маркер кој во зголемени вредности се јавува при различни бенигни гинеколошки заболувања, метаплазија на јајчниците, ендометриоза, миоми на матка или воспаление на грлото на матката. Според препораките на Светското здружение на гинеколози овој маркер има големо значење во одредувањето на различни состојби во гинекологијата, посебно за следење на терапијата и напредок на состојбите кај пациенти со рак на јајчниците. Зголемени вредности на овој маркер се детектираат и кај цироза и воспаленија на црниот дроб.
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Датум на објава: 2020-06-22
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2020