Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Биотек Лабораторија започна со испитување на CORONA COVID-19 вирусот

2020-03-24
Биотек Лабораторија започна со испитување на CORONA COVID-19 вирусот

Почитувани пациенти,
Почнувајќи од 24.03.2020 во Биотек Лабораторија на адреса ул. Васил Ѓоргов бр.12, нас.Капиштец , Скопје ќе се врши тестирање за вирусот Covid-19. Тестирањето ќе биде со земање брис од нос, обработен со Real Time-PCR метода за чија изработка нашата лабораторија поседува сертификат за акредитација.
- Постапката за закажување и земање на примерок е на телефон 02-530 0898 и 078-394-829 од понеделник до сабота од 08 до 14 часот.
- При телефонско закажување од пациентот се земаат податоци за евиденција според упатството на СЗО.
- На закажаниот термин неопходно е пациентот да дојде на адресата на Биотек Лабораторија со автомобил.
- Примерок се зема на брз и безбеден начин на принципот на drive through - директно од автомобил.
- Резултатите ќе бидат готови за еден ден и за нив пациентот ќе биде телефонски известен и по пат на е- маил. Резултатите можат да се преземат и на нашиот сајт.

Нашиот тим од обучени лаборанти го земаат примерокот од пациентот додека тој е во автомобилот со кој допатувал со цел да се намали контактот и да се минимализира ризикот од пренесување. Резултатите од ова тестирање освен податоци за присуство или отсуство на Covid-19, содржат и дополнителни податоци за детекција на други видови корона вируси причинители на респираторни заболувања.

 

За повеќе информации јавете се на 02-5300898 ; 02-5300766; 078-394-829.

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Датум на објава: 2020-03-24
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2024