Тел: +389 (0)2 3500 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 3500 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Новогодишна донација на BIOTEK Solutions и BIOTEK лабораториите

2019-12-30
Новогодишна донација на BIOTEK Solutions и BIOTEK лабораториите

Новогодишна донација на BIOTEK Solutions и BIOTEK лабораториите за основното училиште „Невена Георгиева Дуња” - Скопје

Основното училиште „ Невена Георгиева Дуња” - Скопје доби сензорна соба за современ третман на деца со пречки во развојот и аутизам како новогодишна донација од БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите.

Традиционално, и оваа година БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораторија одлучија средствата за маркетинг промотивни материјали да ги искористат за донирање на сензорна соба наменета за рехабилитациски третман, за деца со пречки во развој, аутизам, деца со сензорни проблеми и комбинирани пречки, како и за наставниот дефектолошки кадар и родителите. Сензорната соба овозможува: чувство на сигурност кај детето, го охрабрува учењето, ја подобрува концентрацијата и комуникациски вештини, спречува чести и ненадејни промени во расположение, како и несоодветни реакции, подобрува самоконтрола, го подобрува квалитетот на животот на децата.

“Целта на оваа донација е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања и аутизам, и да се помогне за нивниот квалитет на живот, како и да се олеснат секојдневните предизвици со кои се соочуваат нивните семејства” изјави Анкица Синадинова Базерко, генерален менаџер на Биотек Лабораторија.
Собата ќе се опреми со меки ѕидови и подови, сет светлечки плафонски ефекти, акрилен воден столб, огледала, меки перници со гранули, пилатес топки, трамполина, фибер оптички влакна со проектор кои ги задоволуваат светските стандарди за квалитет.

“Oгромна благодарност кон менаџметот на компанијата Биотек лабараторија, нашите нови пријатели кои изразија желба да инвестираат сензорна соба за потребите на учениците во нашето училиште. Исто така Биотек лабараторија како општествено одговорна компанија, се надеваме дека ќе претставува пример и за други компании да инвестираат во подобрување на условите за учење и работа во основните Директорот Хари Стојаноски училишта.” изјави Директорот на ООУ Невена Георгиева - Дуња Хари Стојаноски.

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Датум на објава: 2019-12-30
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2020