Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Анализи / Биохемиска Лабораторија / Тумор маркери
Prostate health index-PHI

Клиничко значење:

Што е PSA и зошто се одредува?

Одредувањето на простата специфичен антиген (PSA) е една од најчестите скрининг
методи за канцер на простата. Kанцерот на простата предизвикува промени во
структурата на жлездата што доведува до “истекување” на PSA во циркулацијата.
Но зголемената концентрација на PSA може да се јави од не-канцерозни состојби,
како што е бенигната простатична хиперплазија.
Исто така се детектираат и голем број на споро растечки тумори кои може да
перзистираат долги години без субјективни здравствени тегоби. Заради тоа многу
мажи со покачени вредности на PSA се одлучуваат на други дијагностички
процедури како што е биопсија на жлездата.
Секоја биопсија на простата вклучува ризик резултатот да биде негативен. Се смета
дека само 25% од биопсираните пациенти имаат канцер. Тоа е добро, но биопсијата
носи несакани последици и ризици како инфекција, крварење, треска, уринарни
проблеми, болка.
Погрешната дијагноза и оперативен третман често се причина за оштетувања како:
еректилна дисфункција, уринарни и цревни проблеми и сериозни хируршки
компликации.
Скринингот со PSA направи драстична редукција на дијагнозата на канцер и
метастатски промени, но стана лимитирачки специфичен и контраверзен заради
доста лажно позитивни резултати и непотребни биопсии, како и детекција на некои
“троми” тумори кои не се опасни по животот на пациентот.
Од таа причина, Светската здравствена организација го одобри револуционерниот
алгоритам на Beckman Coulter PHI-Prostate Health Index како насока во одлуката за
ДА ИЛИ НЕ БИОПСИЈА на простата.
PHI e нова формула базирана на алгоритам изведен од резултатите на трите најнови тестови
за дијагностика на канцер на простата: Hybritech PSA, Hybritech free PSA и Hybritech p2PSA.
PHI е едноставна и неинвазивна метода успешно применета во светот, а сега достапна и кај
нас. Софтверскиот алгоритам автоматски ги калкулира добиените резултати со сложена
формула (-2) pro PSA/free PSA) x vPSA. Оваа формула има значење кај пациенти со висок TPSA
и p2PSA, а низок free PSA, и се смета дека имаат канцер. Светска здравствена организација
ја признава специфичноста на PHI како формула за: ДА или НЕ БИОПСИЈА односно како
насока кај пациенти со висок PSA над 4ng/ml за избегнување на непотребни инвазивни
методи. Споредено со PSA, PHI e подобар индикатор за ризик од канцер на простата.
Aко се потпреме сaмо на овој индекс и не се направи биопсија, дали постои ризик
нешто да се пропушти?
Напротив, според СЗО PHI на Beckman Coulter прeтставува точен индикатор за вредности на
PSA од 4-10 ng/ml и над 10 ng/ml според многу истражувања во последните 4 години
спроведени во Америка и Европа. Клиничките истражувања покажуваат дека многу канцери
на простата и значаен број на високо-градуирани (малигни) канцери се најдени кај пациенти
кои имаат и ниски вредности на PSA од 2-4 ng/ml. Во студија од 2.950 мажи (возраст од 62 до
91 година), со вредност на PSA ≤ 4 ng/ml, kaj 449 мажи е дијагностициран канцер на простата
(15,2%).
Значи PHI може да помогне да се предвиди (открие) ризикот порано?
Bеckman Coultеr PHI e дизајниран да му помогне на лекарот да го идентифицира секој
пациент со примена на сеопфатен пристап за проценка на ризик. PHI овозможува спојување
на сензитивност (способност за детекција на канцерот) и специфичност (можноста за
избегнување на лажно позитивни резултати), донесувајќи информирана и урамнотежена
одлука да се предложи биопсија.
PHI-Prostate Health Index претставува единствена софтверска формула со FDA одобрение и е
вклучена во протоколот на Европскиот водич за уролошки испитувања.
ПРЕДНОСТИТЕ НА ОВАА АНАЛИЗА СЕ ИЗБЕГНУВАЊЕ НА СКАПА И ИНВАЗИВНА БИОПСИЈА
КОЈА СО СЕБЕ НОСИ РИЗИК ОД ИНФЕКТИВНИ И ДРУГИ КОМПЛИКАЦИИ. РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ
БРЗИ И ТОЧНИ И ПРЕТСТАВУВААТ НАЈСОВРЕМЕН ВОДИЧ НА ЛЕКАРОТ ВО ПОНАТАМОШНИОТ
ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТОТ.

Bеckman Coulter PHI звучи многу интересно! Каде можам да го направам тестот?
Eдинствено Лаборатотија БИОТЕК го изработува овој индекс со комбинација на тестовите
Hybritechp2PSA, Hybritech PSA и Hybritech free PSA.
Јавете се и закажете веднаш!

Анализи
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2015