Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Анализи / Биохемиска Лабораторија / Хематолошки статус
Крвна слика автоматска диференцијална со 22 параметри

Клиничко значење:

Комплетна крвна слика една од најзначајните рутински лабораториски испитувања. Резултатите од крвната слика претставуваат одраз на крвните клетки во коскената срцевина, како и нивниот однос во крвната циркулација.

Комплетната крвна слика (KKS) се изработува на најсовремен автоматски  хематолошки анализатор (бројач) и ги мери/пресметува следните параметри:

WBC(White blood cells)-леукоцити, бели крвни клетки-претставуваат клеточен дел од имунолошката одбрана на организмот. Бројот на леукоцити зависи од возраст, физичка активност, бременост, стрес и друго. Одредени патолошки состојби, инфекции на специфични органи или ткива, најчесто се придружени со зголемување на вкупниот број на леукоцити. На тој начин организмот се брани од инфекции.
Во вкупниот број на леукоцити постојат 5 групи на истите, од кои најзстапени се гранулоцитите и лимфоцитите.

HGB (Hemoglobin)– хемоглобинот е протеин кој се наоѓа во состав на еритроцитите, содржи железо и овозможува транспорт на кислород во ткивата.Ниските вредности на хемоглобинот посочуваат на анемија.

MCH(Mean Corpuscular Hemoglobin)– среден корпускуларен хемоглобин во еритроцитот.

MCHC(Mean Corpuscular HemoglobinConcentration)- просечна концентрација на хемоглобин во еритроцитите.

RBC(Red blood cells)- еритроцити, црвени крвни клетки. Нивна основна задача е пренос на кислородот до сите ткива и органи.Содржат хемоглобин, кој го пренесува кислородот што во голема мера зависи од нивниот број. Намалување на бројот доведува до анемија.

MCV(Мean Corpuscular Volume)- среден волумен на еритроцити, зависи од вкупниот број еритроцити и концентрацијата на хемоглобинот.

RDW(Red Cell DistributionWidth)- варијабилност на еритроцитите во однос на големината и волуменот.

HCT(Hematocrit) - хематокрит е однос на волуменот на еритроцитите и волуменот на полната крв во примерокот.

PLT (Platelets) - Тромбоцити (крвни плочки)– имаат значајна улога при коагулацијата и формирање на крвен тромб.

MPV(Mean platelet volume) - просечна големина на тромбоцитите во волуменот на крв.

Анализи
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2015